Le Monde Diplomatique – Македонско издание

Азија

Ујгурите, помеѓу репресијата и инструментализацијата

Самоволни притвори, физичко и психичко насилство, изнудени признанија, судење без адвокат, уцени врз роднини … Г-ѓа Гулбахар Хаитиваџи, која е од ујгурите, раскажува за ужасот што го доживеале во затворот, а потоа во центрите за превоспитување во Синѓанг (Кина).


Од Мартин Булард


Фото: Joel Heard / Unsplash

Самоволни притвори, физичко и психичко насилство, изнудени признанија, судење без адвокат, уцени врз роднини … Г-ѓа Гулбахар Хаитиваџи, која е од ујгурите, раскажува за ужасот што го доживеале во затворот, а потоа во центрите за превоспитување во Синѓанг (Кина).

Сè започнало во 2016 година, кога добила повик од нејзината стара компанија со барање да се врати дома за да пополни некои трудови за пензија. Ова не е прв пат да се врати во земјата откако пред десет години пристигна во Франција со нејзиниот сопруг и нивните две ќерки. Ако сопругот и двете ќерки би зеле француско државјанство, таа претпочита да го чува нејзиното за да може лесно да го посети своето семејство затоа што Кина не признава двојно државјанство. Веднаш штом пристигнала, таа била уапсена под сомнение за терористички активности. Доказот : нејзиниот сопруг е активист на Светскиот конгрес во Ујгур (WUC) и една од нејзините ќерки е фотографирана за време на демонстрациите во Париз држејќи во раката мало знаме на Источен Туркестан (името на Синѓанг за сепаратистите). Г-ѓа Хаитиваџи оди од еден во друг затвор, пред да се приклучи на „центарот за превоспитување“ каде се среќава со десетици жени, од учителката обвинета за „сепаратизам“ до поранешна сосетка, која е муслиманка. Таа мора да го зборува мандаринскиот (а не нејзиниот јазик), да ги учи напамет текстовите на Комунистичката партија и на претседателот Си Ѓинпинг, да не се моли (таа што не го практикуваше тоа, почна да се моли во тајност) и да ги осуди сопругот и децата. Блудоста на нејзината ќерка и интервенцијата на г. Емануел Макрон на крајот ќе и овозможат да се врати … но Ујгурите од Франција сепак ќе се сомневаат дека е шпион.

Сведочењето е застрашувачко. Дали треба да заклучиме, дека се случува „геноцид во Синѓанг“ следејќи ги г. Доналд Трамп и г. Џозеф Бајден? „Населението на Ујгурите се зголеми од 5,5 милиони на 12,72 милиони од 1978 до 2018 година“, укажува новинарот Максим Вивас, особено познат по истрагата „La Face cachée de Reporters sans frontière“ („Скриеното лице на репортерите без граници“) (2007), кој се обврза да разбие некои лажни информации. Сепак, стапката на наталитет значително опадна во последните две години, но никој во моментов не може да ги идентификува причините : страв од иднината, отсуство на мажи во притвор или присилна стерилизација – што карактеризираат еден геноцид.

Авторот забележува дека, далеку од тоа да бидат неутрални истражувачи, многу „информатори“, како што се оние на кинеската мрежа за бранители на човекови права (CHRD), Светскиот конгрес на Ујгурите или многу оспоруваниот австралиски институт за стратешка политика (ASPI), се финансиран од американската организација „National Endowment for Democracy“, создадена „за да го прави отворено она што „Central Intelligence Agency“ го правеше притаено со децении“, според колумнистот на New York Times, Џон М. Бродер (31 март 1997 година). Што се однесува до „независниот истражувач“ Адријан Зенц, на кого се темелат многу извештаи, како член на Фондацијата за меморија на жртвите на комунизмот, прокламира : „Јас јасно се чувствувам воден од Бога“ (The Wall Street Journal, 21 мај 2019 година). Ова не значи дека сè што овие активисти осудуваат е измислено, но дека е подобро да се провери што велат пред да ги пренесат.

Така, Зенц го разоткри постоењето на кампови – што кинеските власти го признаа нарекувајќи ги „центри за превоспитување“. Спротивно на тоа, сликата на „Ујгурот претепан на земја од страна на војник“ што тој ја циркулира е всушност сликата на „мафијаш претепан од индонезиски војник“. „Vivas“ цитира и други „fake news“ (лажни вести) и укажува на повеќекратните лаги кои се наменети за оправдување на агресивната политика на САД (вклучувајќи го и познатото лице на г. Колин Пауел во Обединетите нации во пресрет на војната во Ирак).

Тој исто така ги истакнува и присуството на ујгурските џихадисти во Сирија или нападите извршени во Кина. Следствено на тоа, кинеската политика за искоренување, која тој внимава да не ја осуди, ќе потсети на борбата на Франција против радикализацијата и „сепаратизмот“. Сепак, хиерархијата нема никаква врска со тоа. И тој заборава дека сомневањето (и казнувањето) на целата заедница во име на злоупотребите на неколкумина не само што е неправедно и неморално, туку е и неефикасно. Сепак, гласините би се изгубиле сами по себе ако се отворат можностите за новинарска истрага (без пречки или ментор).

Преведено од: Павлина Димовска

Поврзани текстови

Кошничка

Cart is empty

Вкупно
ден0.00
0
LeMonde Diplomatique - македон

FREE
VIEW