понеделник, 6 Дек 2021 / 4:28:25
Le Monde Diplomatique – Македонско издание

Политика за приватност

martin

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната „Le Monde diplomatique македонско издание“, и објаснува како СИМУЛАКРУМ ДОО (“Симулакрум”, “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.monde-diplomatique.mk, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка.

Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.  

Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин: 

  1. Видови на податоци кои ние ги собираме 
  2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци 
  3. Како Симулакрум ги користи податоците 
  4. Кога и како Симулакрум открива податоци  
  5. Како Симулакрум ги собира податоците 
  6. Безбедност на податоците 
  7. Пристап и промена на Вашите податоци 
  8. Социјални мрежи 
  9. Приватност на трети страни 
  10. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица)
  11. Терминологија 
  12. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

____________________________________ 

ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • пристапувате или го користите нашиот сајт;
  • се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на Симулакрум;
  • ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
  • контактирате со нашата корисничка поддршка 
  • давате податоци за да се вклучите или учествувате во програми организирани од или за сметка на нашите Бизнис Соработници;
  • оставате коментари на сајтот;
  • ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
  • купувате производи или услуги преку нашиот сајт;
  • се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
  • давате информации на наши Бизнис провајдери;

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, барање за различни видови на претплата, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пополнување на анкета (во која се бараат лични податоци), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. 

Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање.

Кога ќе пополните барање за претплата, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на УНИБанка АД. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. 

Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме услуги односно претплата на дигиталните месечни изданија, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за  услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење (ПОВРЗИ ЛИНК) и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies”.

ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ

Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничините комуникацијата која „Le Monde diplomatique македонско издание“ ја има со вас.

(а) Промотивни е-маил пораки

Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки  со притискање на “отчлени се- unsubscribe” копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инстукциите за да го комплетирате отчленувањето. Сепак Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние се уште може да ви испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил.  

(б) Колачиња и други технологии

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (Cookies) со подесување во самиот пребарувач. Пребарувачите се различни, затоа следете ги инструкциите на пребарувачот зависно кој го користите. Истото може да го подесите и од Вашиот паметен уред доколку ја користите апликацијата со подесување зависно од мобилниот уред. За повеќе информации ве молиме посетете ја “Политика за колачиња”.

Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и подесувањата на социјалните мрежи или апликации за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу „Le Monde diplomatique македонско издание“  и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација. 

КАКО „LE MONDE DIPLOMATIQUE македонско издание“  ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ

Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:

  • работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите кои ги нудиме, како и други програми;
  • понуда на реклами базирани на вашите интереси, комуникација и понуди за производи и услуги;
  • да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на претплата; 
  • да ви одговараме на Ваши барања и прашања;
  • анализа и спроведување на истражувања;
  • да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу „Le Monde diplomatique македонско издание“;
  • да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации; 
  • да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите

КОГА И КАКО „LE MONDE DIPLOMATIQUE македонско издание” ОТКРИВА ПОДАТОЦИ

„LE MONDE DIPLOMATIQUE македонско издание” односноСИМУЛАКРУМ ДОО“ нема да ги споделува, продава или изнајмува вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

  • Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие “трети лица – Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, испраќање поштенски или електронски маил, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и може да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи.

На пример, кога нарачувате некоја услуга, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на УНИ Банка АД со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да  испратиме податоци за вашата адреса на испорачувачот на услугата заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за продавачот на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме третите лица продавачи и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола. 

  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци. 
  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница. 
  • Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со “Огласувачи” или “Маркетинг компании”. 

КАКО „LE MONDE DIPLOMATIQUE македонско издание” ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, вршите купување на претплата или искористувате купони или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа, собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме маркетинг целите.

Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (Cookies). За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете зачувување на колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политиката за колачиња”.

Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликацијата и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности. 

 

 

БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Безбедноста на податоците е приоритет на СИМУЛАКРУМ и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме УНИ Банка АД која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани. 

Плаќања преку мобилна апликација: Кога вршите купувања преку мобилната апликација имате опција по Ваша желба да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка, се со цел да се олесни купувањето и да можете со само еден клик да вршите купувања. Овие податоци се зачувани единствено на Вашиот мобилен уред и тоа во енкриптирана форма. Ако телефонот Ви биде изгубен или украден зачуваните податоци нема да бидат видливи на трето лице, единствено штета која може да ви биде направена е ако некој изврши купувања преку мобилната апликација на Вашиот телефон со Вашите зачувани податоци.  Процесот на ваков начин на мобилно плаќање ви овозможува лесно купување со само еден клик, а истото е сертифицирано и проверено од компанија за етичко хакирање и безбедност на информациски системи. 

ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да пристапите, промените или избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Профил”. Единствено, што не може да промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на info@simulacrum.mk со email – адресата која сакате да се замени и новата адреса. 

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или остраните профилот може да испратите барање на info@simulacrum.mk. Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен. Сепак деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи. 

Ако одберете да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка на мобилната апликација, истите ќе бидат зачувани само на Вашиот мобилен уред и ние нема да имаме никаков достап до истите. Податоците во мобилната апликација именувани “Инфо за платежна картичка” можете да ги промените и избришете во било кое време. Истите се чуваат во енкриптирана форма на Вашиот мобилен уред и доколку истиот го изгубите или ви е украден податоците нема да бидат видливи за третото лице. Процесот на ваков начин на мобилно плаќање ви овозможува лесно купување со само еден клик, а истото е сертифицирано и проверено од компанија за етичко хакирање и безбедност на информациски системи.

ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.monde-diplomatique.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)

„Le Monde diplomatique македонско издание“ не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на „Le Monde diplomatique македонско издание“  изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.

ТЕРМИНОЛОГИЈА

Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на „Le Monde diplomatique македонско издание“, како на пример процесирање на трансацкии, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл. 

Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции,  дистрибутери и продавачи. 

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред. 

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди. 

Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.  

Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код. 

  1. КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Можете да не контактирате онлајн на support@simulacrum.mk или може да ни испратите пошта на следната адреса: 

  • СИМУЛАКРУМ ДОО, Скопје 
  • Ознака: Политика на приватност 
  • ул. Московска Бр.6а, 1000 Скопје Македонија

Кошничка

Cart is empty

Вкупно
ден0.00
0
LeMonde Diplomatique - македон

FREE
VIEW