Значењето и свесноста за постоење на човековите права е императив кој е важен во секојдневното живеење за секој поединец. Граѓаните едуцирани во духот на почитување и заштита на човековите права се свесни за нивното постоење и за сопствената моќ истите да бидат почитувани од страна на целокупното општество.
Начинот на кој се третираат човековите права и слободи во општеството е креиран со почитување на нивната универзалност, сфаќањето за нивната апсолутност при што мора да се знае дека е можна состојба во која определени права мора да бидат жртвувани со цел да се оствари некој повисок општествен интерес.
Неспорен е фактот дека човековите права се права на поединецот. Тие му припаѓаат на секој човек подеднакво и не можеме да ги изгубиме, да се откажеме од нив или да ни бидат одземени1.
Меѓународниот пакт за граѓански и политички права меѓу другите права определува дека “секое лице има право на слобода на движење “(чл 12) но исто така државата има можност да го ограничи ова право со прецизно наведени причини, како што се: “заштита на националната безбедност, јавното здравје, јавниот ред, моралот или правата и слободите на другите лица.“
Обезбедувањето на остварување на преземените обврски од страна на државите со потпишување на меѓународните договори од оваа категорија е врз база на принципот pacta sunt servanda2.
Да се вратиме на прашањето поставено на почетокот. Дали со задолжителното барање за поседување на вакцинален сертификат за посета на угостителски објект кој прима повеќе од 30 лица, за посета на концерт, културен или спортски настан се повредуваат човековите слободи и права?
Ако појдеме од меѓународното право регулирано со меѓународни договори потпишани и од Република Северна Македонија одговорот е дека не може да се говори за повреда на правото на поединецот. Да образложиме зошто е така.
Секој поединец има право на избор да биде или нè на определено место. Доколку не му одговараат правилата кои постојат на таа локација едноставно негово е правото на избор да не биде присутен таму каде го условуваат со поседување на дополнителни документи. Ставот дека поседување на сертификат за вакцинација за влез на местата определени со Одлука на Владата на РСМ3 е кршење на правата на поединците кои не се вакцинирани или прележани во определен рок до 45 денови не е валиден бидејќи токму Меѓународниот пакт за граѓански и политички права од 1966 година им овозможува на државите потписнички меѓу кои е и нашата, да ги ограничат правата на поединецот во интерес на зачувување на јавното здравје на целокупната заедница. Препораката за оваа мерка е дадена од страна на Комисијата за заразни болести, се однесува на заштита на населението од заразната болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и се презема за спречување на неговото ширење. Ова говори дека аспектите за донесување на мерката се разгледувани и предложени од страна на тело составено од стручни и компетентни лица кои ги оцениле последиците по животот и здравјето на членовите на заедницата и нивната проценка е дека ограничувањата ќе дадат ефекти.
Оние кои сметаат дека не треба да бидат вакцинирани, бидејќи тоа е исто така право на избор, едноставно треба да прифатат дека во определен временски период ќе мора да имаат различен третман од членовите на заедницата кои ги прифатиле стандардите на почитување на правилата наложени во интерес на општото здравје на заедницата. Се разбира мора да се потенцира дека станува збор за мерки од времен карактер.
Се отвори и дебата околу тоа дали се кршат правата на поединецот од аспект на проверка на личните податоци при влез во објектите од страна на овластените лица. Во Република Северна Македонија функционира Агенција за заштита на личните податоци. Тоа е институцијата која е овластена да ги штити правата на поединецот, меѓу другото и во вакви ситуации. Токму затоа корисен е нивниот став дека:
„Законот за заштита на личните податоци се применува само во случај кога се врши обработка на личните податоци. Под обработка на лични податоци во согласност со Законот се смета секоја операција или збир на операции што се извршуваат врз личните податоци или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
Според ова, визуелната проверка на Сертификатот за извршена имунизација од вирусот Sars-Cov-2 од страна на овластено лице, при што документот само се дава на увид а не се врши никакво негово зачувавање, не може и не треба да се смета за обработка на лични податоци.
Фактот дека овие проверки се однесуваат на лицата над 18 години, говори дека се водело сметка за заштита на правата на малолетниците кои припаѓаат на посебна категорија граѓани во државата. Не дека тие нè се подложни на вирусот, напротив, медицинските извештаи покажуваат дека тие се многу често преносители на вирусот меѓу повозрасните членови на семејството, но сепак, Законот за заштита на децата им дава надлежност пред се на родителите да се грижат за нив. Државата има надлежности и во овој дел но приматот се дава на одговорното однесување и грижата од страна на родителите4.
Уставот како највисок акт во државата исто така дава гаранции за слобода на движење на територијата на Републиката но остава можност во интерес на безбедноста и заштитата на здравјето на граѓаните да може да бидат донесени ограничувања со Закон (чл 27). И членот 54 од Уставот ја дава оваа можност на ограничување при што се потенцира дека “ограничувањето на слободите и правата не смее да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, јазик, вера или боја на кожа.“
Влегувањето и излегувањето од државата исто така е во надлежност на нејзините институции. Во чл 27 од Уставот стои дека: „Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката. Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето“.Сведоци сме дека најголем број на државите во светот имаат воведено определени ограничувања во овој период. Најчесто условот е поседување на доказ за вакцинација итоа со вакцините кои ги признава Светската здравствена организација. Некои од земјите членки на Европската Унија (Грција на пример) во интерес на своите потенцијални посетители од Русија и Кина со посебни одлуки ги признаваат и Sinopfarm, Sinovac, и SputnikV, вакцини кои се признаени од страна на СЗО5 но не и во Европската Унија.
Друг услов за влез е поседување на PCR тест направен во определен временски рок (тој рок во зависност од земјата се движи од 24 па се до 72 часа). Патувањата со авионски превоз во периодот наназад откако постои Ковид кризата се исклучиво условени со негативен тест или вакцинација а патувањето по сувоземните патишта низ земјите е условено во зависност од интензитетот на корона кризата. Сепак најчестото решение за транзитирањето низ европските земји е да не биде условено со дополнителни барања а влезот во земјите кој завршува со престој, генерално се условува со негативен тест или Сертификат за вакцинација но многу често и со карантинско ограничување на движењето условено со проверка после седум, десет или четиринаесет денови.
Концептот на почитување на човековите права и слободи е безвременски и универзален. Глобализацијата во која живееме се повеќе зазема простор и во унификација на правата и нивното почитување и применување, односно пресликување во секојдневието на граѓаните на државите. Фактот дека државите се соочуваат со сериозен здравствен проблем кој треба да се решава на планетарно ниво им дава одврзани раце на властите во барањето на единствени мерки за надминување на состојбите. Вакцините како најдобриот начин да се излезе од оваа состојба со COVID 19 не е опција која се нуди од секоја земја поединечно туку од Светката здравствена организација, чија основна улога откако е формирана е токму таа, да се грижи за меѓународното здравство и во вакви епидемиски состојби да ги нуди најдобрите решенија за надминување на проблемите.
Меѓународното законодавство во сферата на човековите права им дава одврзани раце и авторитет на државите да ги решаваат проблемите во најдобар интерес на мнозинството на своите граѓани. Сепак мора да се знае дека човековите права, односно нивната содржина е динамичен процес. Корпусот на потребата од заштита на правата се менува според концептот на живеењето во светот. Актуелните состојби на глобализација повлекуваат разновидни причини за рестриктивните мерки кои се преземаат од страна на државите:
- Брзиот начин на живеење, комуникацијата, циркулацијата на населениоето од една на друга страна на светот предизвикува опасност од брзо ширење и пренесување на вирусот на COVID 19;
- Движењето во рамките на државите исто така е олеснето во споредба со некои минати времиња (брзиот и масовен превоз);
- Присуството на луѓето на масовни настани од спортски, културен и друг карактер и друго.
Кога била креирана Универзалната декларација за човекови права на ООН во 1948 година целта била да се постигне признaвaњe нa врoдeнoтo дoстoинствo нa eднaквитe и нeoтуѓиви прaвa нa ситe члeнoви нa чoвeштвoтo како тeмeли нa слoбoдaтa, прaвдaтa и мирoт вo свeтoт.
Но и тогаш како и сега било увидено дека покрај правата сeкoj имa дoлжнoсти кoн зaeдницaтa вo рамките на кoja eдинствeнo e вoзмoжeн слoбoдниoт и цeлoсeн рaзвoj нa нeгoвaтa личнoст (чл 29).
Со тоа што се овозможува кoристeњeтo нa личните и колективни прaвa и слoбoди, сeкoj чoвeк треба да е свесен дека пoдлeжи и на oгрaничувaњa, се разбира определени со закон, се со цел да се осигура дoлжнoтo признaвaњe и пoчитувaњe нa прaвaтa и слoбoдитe нa другитe.
Правото кое постои во актуелниот момент има за цел да ги промовира, гарантира и заштитува човековите права.Тоа е универзален стандард по кој треба да се раководат државите во односот кон своите граѓани. Дискусијата дали тие се добри или лоши, дали се спроведливи или не, дали се рефлексија на универзалните вредности на човештвото или се вредности на еден дел од светот, дали се базирани на принципи или на корисност или е постигнат баланс помеѓу нив, сето тоа се дилеми кои се тема на дискусија од аспект на филозофијата, моралот и можеби политиката но не и на правото.
Почитувањето на човековите права е материја која не може и не смее да се разгледува од страна на индивидуите како нарушување кое ги пореметува нивните секојдневни активности без оглед на состојбите во нивното потесно и пошироко опкружување. Секој поединец е должен да сфати дека неговото однесување предизвикува последици во заедницата и таа е принудена да се заштити од неодговорните поединци.
Кога ќе се сфати тежинатa на сопственото однесување a propo другите тогаш сигурно ќе се надминат дебатите дали е потребен или не Сертификат за вакцинација или тест за влез на определени места.
Фусноти:
- The Universal Declaration of Human Rights 10 .12.1948
- Овој принцип pacta sunt servanda е норма во меѓународното право според која потребно е извршување на договорените обврски во добра вера.Тој припаѓа во категоријата на императивни норми.
- Влада на Република Северна Македонија 97-ма седница 09.08.2021
- Законот за заштита на децата Сл.весник на Република Македонија“ бр.23/13
- https://www.who.int/