За време на Париската комуна, во 1871 г., како и во претходните револуции, плакатите и графитите служеа како „револуционерни ѕидови“, за да ги информираат и мобилизираат жителите на градот. Сето ова беше исчистено по „крвавата недела“ (21-28 мај), кога се виде дефинитивното уништување на самото востание. Сепак, наскоро, ѕидовите на главниот град повторно зборуваат: анонимни луѓе им оддаваат почит на победените и ги обвинуваат победниците, така нарушувајќи го хорот на осуди од Версај. На теренот на касарните во Пепиниер, „група републикански војници и пријатели на народот“ напиша во 1872 г.: „Армијата на Версај, бранители на деспотизмот и на нашата сиромашна Франција; вие сте убијци на луѓето, крвавата дамка што ја носите на чело никогаш нема да ви успее [sic]“...
Целосна статија: 1.733 зборови
За да ја прочитате целосно статијата, претплатете се за изданието Март 2021 или најавете се со Вашето корисничко име и лозинка.