вторник, 30 Апр 2024 / 3:56:45
Le Monde Diplomatique – Македонско издание

Десет години по египетската револуција

Каиро во потрага по влијание

Шест месеци пред револуцијата, Светската банка, намерно игнорирајќи ги повторените социјални конфликти во компаниите во регионот на делтата на Нил и високото ниво на нееднаквости, сметаше дека Египет е дел од клубот на „Најдобрите реформатори во светот“ благодарение на планот за модернизација со либерална инспирација.

Од Акрам Белкаид


Фото: Dario Morandotti / Unsplash

На 3 март, египетските безбедносни служби ќе имаат посебна причина да спречат демонстрации против режимот на претседателот Маршал Абдел Фатах Ал-Сиси (прочитајте ја статијата подолу). На овој датум, ќе биде три години откако Високиот уставен суд дефинитивно го ратификуваше враќањето на малите острови Тиран и Санафир на Саудиска Арабија. Одлуката донесена во 2016 година од страна на Каиро, за губењето на суверенитетот над овие два камења што го блокираат влезот во Акабаскиот Залив, во Црвеното Море, е лошо прифатена од многу Египќани, кои на ова гледаат како напад врз националната гордост, како и признавање на слабоста пред вахабистичката монархија. Откажување кое противниците на Ал-Сиси повторно би можеле да бидат во искушение да го осудат на улица, како што тоа го правеа масовно во текот на целата 2016 година, а потоа и во пролетта 2017 година...

Целосна статија: 1.974 зборови

За да ја прочитате целосно статијата, претплатете се за изданието Февруари 2021 или најавете се со Вашето корисничко име и лозинка.

Поврзани текстови

Кошничка

Cart is empty

Вкупно
ден0.00
0
LeMonde Diplomatique - македон

FREE
VIEW