понеделник, 14 Окт 2024 / 0:05:19
Le Monde Diplomatique – Македонско издание

Недостаток на персонал и застарени методи на работа

Зошто јапонските функционери се исцрпени од работа

Јапонските граѓани сè уште имаат лош поглед кон официјалните лица поради корупциските скандали кои го потресоа архипелагот во деведесеттите години на минатиот век. Степенот за нивна доверба достигнува само 2,6 на скала која се движи од 1 („воопшто не е сигурна“) до 5 („целосно сигурна“), според студијата спроведена од институтот за анкетирање Central Research Services во 2018 година ; 46% од испитаниците сметаат дека државната администрација „нема транспарентност

Од Јута Јагишита
Новинар, Токио


Фото: Liam Burnett-Blue / Unsplash

Далеку од клишето за државен агент кој живее засолнет во животната благосостојба, високите јапонски службеници работат под исцрпувачки услови, исполнувајќи прекувремена работа до триста часа месечно. Социјалните закони – кои се веќе многу малку заштитени – не важат за нив. Се поголем број од нив ги напуштаат министерствата со што предизвикуваат невидена криза во државните служби.

Еден и пол часот наутро. Во квартот Kasumigaseki во Токио, кој е дом на повеќето институции во земјата, кружат бесконечни линии на такси околу високите државни згради. Пропуштајќи го последното метро, ​​службените лица одат и налетуваат на овие автомобили, кои исчезнуваат во длабоката ноќ.

Оваа сцена го прикажува секојдневниот живот на државните агенти во Јапонија. Иако имаат завиден статус, без ризик од невработеност, нивниот живот наликува на макотрпен пат. Со образложение дека тие работат за општ интерес и мора да се справат со итни случаи доколку е потребно, законот за работни односи, кој го ограничува бројот на прекувремени часови на четириесет и пет часа месечно за другите вработени, не важи за нив. Нивните синдикати се лишени од правото на штрајк.

Во Касумигасеки, работното време на овие kanryos („министерски службеници“), кои се врвот на јапонската елита, е неограничено. Според направената студија во 2018 година на Ивамото Такаши, професор на Универзитетот Кеио (Токио), бројот на прекувремени часови што ги работат луѓето е во просек 100 часови месечно – што е седум пати повеќе отколку во приватниот сектор. И далеку над „линијата karoshi“, прагот на „исцрпеност од вишок на работа“, поставен на осумдесет часа од самото Министерство за здравство, кое смета дека, освен тоа, патолошкиот ризик е голем. Покрај тоа, буџетот за администрација е строго регулиран со закон, почесто отколку овие прекувремени часови кои не се плаќаат.

Вообичаено е младите во Касумигасеки да се исцрпуваат од работа. Понекогаш работев повеќе од двесте часа прекувремена работа месечно, се сеќава г. К.Л, поранешен службеник кој се согласи да сведочи под услов да остане анонимен. Додека бил во служба во министерство, тој се враќал дома со такси „помеѓу два и пет часот наутро, за да се вратам во канцеларија околу осум часот“. „За жена ми тоа беше како да не постоев, јас бев како дух“, горко изјавува.

Така лишени од сон и семеен живот, многумина запаѓаат во депресија. Според податоците објавени во 2019 година од синдикатот на државни службеници2, во Касумигасеки, 32,4% од испитаниците биле со „лошо здравје“, „земале лекови“ или биле „лекувани во болница“, додека пак 28% веќе чувствуваат или чувствувале „страв од умирање од својата прекумерна работа”. Што се однесува до стапката на самоубиства, таа изнесува 16,7 на 100 000 луѓе, што е за половина повисока отколку во приватниот сектор, според студијата на Ивамото. Националниот орган за персонал во Јапонија како јавно тело кое е одговорно за регрутирање и управување со платите на националниот персонал, идентификува шест случаи на karoshi во 2019 година, за 187 случаи на национално ниво3.

Ваквата состојба се објаснува преку организацијата на парламентарни дебати и преку политичките и административните карактеристики на земјата. Од 2012 година, апсолутното мнозинство во двете комори на делиберативното собрание е во сопственост на Либерал демократската партија (PLD, десничарска) и нејзиниот сојузник Komeito (централно-десничарска). Крајот на парламентарната седница што означува завршување на текстовите што се разгледуваат, левичарските партии, побројни, со сите средства се обидуваат да ги продолжат и одржат седниците на комисијата со цел блокирање предлог-законите на мнозинството. Како и да е, високите службеници се основната врска на темите за кои се дискутира кај овие тела.

Покрај тоа, границите помеѓу законодавната и извршната власт се нејасни, дури и многу често се случува тие да бидат одговорни за поднесување предлог-закони до замениците на партиите на власт, кои ќе ги презентираат на делиберативното собрание. Тие тесно соработуваат со избрани службеници и се грижат за сите видови на задачи, како што се организирање состаноци во партиите и преговори за пратениците за да ги потврдат нивните планови претходно. Бидејќи нема министерски кабинети, високи функционери подготвуваат одговори на прашања поставени до министрите од собранијата.

Така, развојот на правни текстови и дебати во делиберативното собрание е нивна одговорност. Најчесто во рамките на многу кратки рокови, особено за чувствителните досиеја: датумите на одборите се утврдуваат ден претходно, оставајќи им на kanryos само една ноќ да ги испитаат прашањата. „Многу често се случува да ги примиме околу 9 или 10 навечер. Мора да бидете подготвени во 9 часот наутро кога ќе се отвори собранието. Помеѓу изготвувањето на одговорите, проверките со секое тело на министерството за да нема грешка или неконзистентност со позицијата на владата, без да се заборави испрашувањето на министерот кој ќе одговара на прашањата, за сето ова се потребни шест или седум часа. Се враќаме или со такси или со првиот воз наутро “, воздивнува г. К. Л.

Понатаму, последователните влади инспирирани од неолибералите повикувајќи се на долгот на земјата, кој достигна максимум од 250% од бруто домашниот производ (БДП) во 2020 година, стабилно го намалија персоналот на државната администрација. Помеѓу оваа политика и приватизацијата на одредени институции, бројот на агенти се намалил за 10% помеѓу 2004 и 2020 година4, предизвикувајќи недостатоци насекаде. „Политичките лидери дури ја изнесоа идејата дека министерствата треба да управуваат со сè помал персонал, наведувајќи го примерот на Гугл, каде сè работи во мали тимови“, рече Изуру Макихара, специјалист за јавна администрација на универзитетот во Токио. Ширењето на меѓуминистерските прашања, како што се борбата против климатската криза или транспарентниот договор за слободна трговија, за кои е потребна координација помеѓу министерствата, само ја влошува состојбата.“

Шлагот на тортата: во најмала рака застарените методи на работа. Дигитализацијата на документите, колку и да е промовирана од владата, останува мртво писмо, а многу размени помеѓу службеници и заменици сè уште се вршат по пат на факс. Употребата на видео конференција за извршување на работата од суштинско значење за кој било предлог-закон со избрани службеници се смета за „недостаток на учтивост“. Така, гледаме необични сцени каде јавните службеници поминуваат со часови печатејќи стотици документи кои се состојат од стотици страници со цел да ја објаснат содржината на нацрт-законот за време на состанокот организиран од партиите на власт со цел добивање согласност од пратениците.

Ако сите министерски тела се загрижени, Министерството за здравство и труд особено ги малтретира своите вработени. Создадени во 1998 година од спојувањето на Министерството за труд и социјала, тој стана еден вид гигантско тело, чија мисија се движи од управување со пензии и социјално осигурување до подобрување на условите за работа во приватниот сектор, преку политика за рано детство и заштита на правата на странските работници. Во време кога Јапонија се соочува со забрзано стареење на населението, овие проблеми имаат тенденција да станат политички чувствителни. „Од осумдесеттите години на минатиот век, бројот на државни службеници продолжи да се намалува. Во тоа време, годишните трошоци за социјална заштита беа 25 000 милјарди јени [нешто повеќе од 195 милијарди евра]. За четириесет години, оваа бројка се множи со четири!, објаснува г. Куме Хајато, поранешен член на секретаријатот на министерството. Обемот на работа нужно се зголемува, тоа е неизбежно.“ Помеѓу очајот и самоисмевањето, некои вработени се забавуваат со пренасочување на името на институцијата, kosei-rodo-sho („Министерство за здравство, труд и социјала“), во иронично kyosei-rodo-sho („Министерство за присилна работа”)…

За време на првиот бран на пандемијата „Ковид-19“, пролетта 2020 година, министерството беше блиску до точка на распад. Тоа создаде анти-коровавирусна единица од неколку стотици луѓе со помош на вработените во нејзините различни оддели, што доведе до дезертирање на традиционалните услуги. Консултантска фирма, Work-Life Balance5, интервјуираше седумдесет службеници на министерството; според нивниот извештај, тринаесет од нив работеле повеќе од двесте часа прекувремена работа месечно помеѓу март и мај 2020 година. Четворица дури ја надминаа границата од триста часа …

„Во тоа време бев бремена осум месеци. Но, бидејќи бевме недоволно вработени, бев принудена да работам до дваесет и четири часа прекувремена работа неделно. Понекогаш останував до два часот наутро “, вели една млада жена која сака да остане анонимна. Кон средината на март, чувствувајќи се лошо, таа оди во болница, каде што лекарот и кажува дека е изложена на ризик од предвремено породување. Таа е веднаш хоспитализирана. За среќа, своето прво дете го роди во мај без никаков проблем. „Што ако не отидев на лекар?“

Не можејќи повеќе да ги издржат овие мачни часови, се повеќе млади луѓе го напуштаат Касумигасеки. Според г. Таро Коно, министер одговорен за реформа во јавната администрација, бројот на оставки „од лични причини“ помеѓу државните службеници на возраст од 20 до 29 години се зголеми на осумдесет и седум во 2019 година, додека шест години порано, тој беше едвај дваесет6. Ова движење се забрзува особено што условите за работа се подобрија во приватниот сектор, или kanryo, од елитни универзитети, може да се ужива со подобри плати.

Не е изненадувачки што оваа професија привлекува сè помалку студенти. Тие беа 22 559 кои полагаа конкурс за да станат државни службеници во 2018 година7, за разлика од 45 000 во 1996 година. „Треба да го решиме овој проблем, во спротивно сè ќе оди од лошо кон полошо. Функционирањето на министерствата ќе биде побавно и побавно, а административните грешки ќе бидат прекумерни. Ова ќе им наштети на нашите граѓани “, загрижено кажува г. Куме.

Досега и покрај сериозноста на оваа ситуација, се чинеше дека никому не му пречи. Јапонските граѓани сè уште имаат лош поглед кон официјалните лица поради корупциските скандали кои го потресоа архипелагот во деведесеттите години на минатиот век. Степенот за нивна доверба достигнува само 2,6 на скала која се движи од 1 („воопшто не е сигурна“) до 5 („целосно сигурна“), според студијата спроведена од институтот за анкетирање Central Research Services во 2018 година8; 46% од испитаниците сметаат дека државната администрација „нема транспарентност“. Што се однесува до политичките лидери, тие повеќе не се мобилизираат. „Овој случај не носи ниту гласови ниту пари. Избраните претставници на мојата партија се незаинтересирани“, вели г. Јасухиса Шиозаки, поранешен министер за здравство на ЛДП кој работи на подобрување на условите за работа во Касумигасеки.

Сепак, владата на г. Суга Јошихиде, формирана во септември 2020 година, може да ги размрда работите. Пандемијата ја обелодени итноста на новите методи на работа: работа од дома, дигитализација на документи, видеоконференција. Г. Коно Таро, поранешен министер за надворешни работи и еден од главните членови на ЛДП, е назначен за министер за реформа на јавната администрација. Веднаш штом ја презеде функцијата, тој најави укинување на hankos, печатите се користеа за да се потпишат административни документи и да се потврди влезот и излезот од канцеларијата. Крајот на овој симбол на неефикасни јапонски методи на работа треба да го олесни дигитализирањето на документите. Тој исто така започна истрага за бројот на прекувремени часови. Конечно, Министерството за здравство ќе види дека неговата работна сила оваа година се зголеми за 582 лица, или 2% повеќе отколку во 2020 година9 – нечуено од пред дваесет години. Минатиот декември, министерот инсистираше: „Касумигасеки е во критична состојба. Обесхрабрени од бесконечните прекувремени часови, надлежните владини претставници се откажуваат од својата кариера. Ова е голем проблем, дури и за нашите граѓани. Мора да се стави крај на овој маѓепсан круг.“

Преведено од: Павлина Димовска


Фусноти:

  1.  Iwamoto Takashi, « Vers une réforme du style de travail à Kasumigaseki. Mettre fin aux longues heures de travail et améliorer la productivité grâce aux technologies de l’information et de la communication », PR Times, 6 јуни 2018 година (на јапонски), https://prtimes.jp 
  2.  « Enquête sur le nombre d’heures supplémentaires des fonctionnaires ministériels », Comité de lutte des syndicats des agents d’État de Kasumigaseki, 31 јули 2019 година (на јапонски), http://tk-kokko.or 
  3.  « Livre blanc sur la mort par excès de travail », ministère de la santé, du travail et des affaires sociales, Токио, 30 октомври 2020 година (на јапонски).
  4.  « Changement dans les effectifs des agences gouvernementales », bureau du cabinet, 16 јуни 2020 година (на јапонски), www.cao.go.jp 
  5.  « Enquête sur les conditions de travail dans les ministères lors de la pandémie de Covid-19 », Work-Life Balance, Токио, 3 август 2020 година (на јапонски), https///work-life-b.co.jp
  6.  « More young Japan elite bureaucrats quitting ; minister expresses concern », The Mainichi, Токио, 20 ноември 2020 година.
  7.  « Livre blanc sur la fonction publique en 2018 », Autorité nationale du personnel du Japon, Токио, 1 јуни 2018година, www.jinji.go.jp 
  8.  « Sondage sur le degré de confiance des Japonais envers les députés, les fonctionnaires, les grandes entreprises et la police », Central Research Services, Токио, март 2018 година (на јапонски).
  9.  « Présentation des effectifs du personnel du ministère pour l’année administrative 2021 », ministère de la santé, du travail et des affaires sociales, 21 декември 2020 година (на јапонски), www.mhlw.go.jp 

Поврзани текстови

Кошничка

Cart is empty

Вкупно
ден0.00
0
LeMonde Diplomatique - македон

FREE
VIEW