Од оризовите полиња во Керала до полу – сушните рамнини на Раџастан, змиите ја населуваат земјата и имагинацијата на селаните во Индија. Хиндуистичките и будистичките култови се полни со божества, духови, полу-човек, полу змија, чувари на земјата. „Тие се извори на опасност, но и на плодност“, раскажува индистот Мишел Анжо. „Во Pañchatantra, збирка басни [датираат од 300 години пред нашата ера], еден човек гледа кобра на дното на бунарот и го фаќа страв“, раскажува истражувачот. Но, змијата му вели: „Ти многу добро знаеш дека касаме само по наредба“. Животното се појавува како вооружено крило на судбината.
Г-ѓа Пријанка Кадам се соочува со овие сѐ уште многу живи митови. „Многу Индијци ги препишуваат каснувањата од змии на проклетство“, вели основачот на здружението за лекување и образование од каснување од змии, здружение со седиште во Бомбај, југозападна Индија. Кога се каснати, тие инстиктивно одат кај исцелители. Оваа социјална работничка патува низ потконтинентот за да го информира населението: „Исто како и срцев удар, каснувањата мора да се лекуваат во болница“, постојано повторува таа.
На глобално ниво, приближно 5,4 милиони луѓе се каснати секоја година и помеѓу 81,000 и 138,000 умираат од овие напади, според Светската здравствена организација (СЗО). Три пати е поголем бројот на преживеани жртви со сериозни последици, како што се ампутации или трајни попречености. Во Индија, овие каснувања предизвикаа просечно 58.000 смртни случаи годишно помеѓу 2000 и 2019 година[1].
На село, змиите ги има во голем број, привлечени кон куќите каде има глодари. Се претпоставува дека оваа земја е дом на педесетина видови влекачи кои можат да убијат доколку се почувствуваат загрозени. Г -ѓа Кадам собира застрашувачки приказни полни со драми кои исто така се поврзани со екстремната сиромаштија. Како онаа за еден триесетгодишник и неговата шестгодишна ќерка нападнати од бонгар (вид индиска змија), една монсунска вечер во 2018 година. Седум членови на семејството спиеја на земја, без мрежа за комарци, во сламена колиба без електрична енергија. Таткото и детето починале во болница само два часа подоцна.
Отровот на бонгарите и кобрите го парализира респираторниот систем. Оној на змиите отровници предизвикува згрутчување, едеми и некроза. Без инјектирање на серум, каснувањата можат да бидат фатални. „Првите часови се одлучувачки, но многу селани чекаат жртвите да бидат во критична состојба пред да реагираат. Повеќе од половина умираат на пат кон или при пристигнување во болница“, продолжува г -ѓа Кадам. Бидејќи честопати треба да стигнете до главниот град на областа каде што се наоѓа установата за грижа и да патувате „помеѓу пет и четириесет километри“. Голем предизвик за сиромашното население.
Државните болници, за жал познати по тоа што немаат доволно финансиски средства, испорачуваат противотрови бесплатно … кога ги имаат. „Државите им ги дистрибуираат без секогаш да ги земат предвид нивните потреби и нивото на залихите“, се жали г -ѓа Кадам. Не постои информациски систем што ги идентификува и ги надополнува установите за грижа кои се во функција.“ Покрај тоа, една инјекција не е секогаш доволна. „По еден час, ако нема знаци за отстранување на отровот, лекарот мора да администрира нова доза“, прецизира Жан-Филип Шипо, директор за истражување на Институтот за истражување за развој (ИРД). Реакциите на организмот потоа мора да се лекуваат со симптоматски третман.“ Поради недостаток на обучен персонал и соодветна опрема, оваа последователна нега честопати недостасува.
Каснувањата од змии долго време останаа заборавени во јавните здравствени политики. Труење со отров (каснување од змија) „се случува во сиромашните земји, 95% кај руралното население. И таму не се донесуваат главните фармацевтски и терапевтски одлуки“, забележува Жан-Филип Шипо. Дури во 2017 година, под притисок на невладини организации, како што се Лекари без граници (MSF) или Health action international, СЗО ги вклучи на листата на „занемарени тропски болести“. Во 2019 година, таа си постави цел да го преполови бројот на жртви до 2030 година. Се повикува на 25% зголемување на серумските производители, чиј број се намали.
Мултинационалните компании од фармацевтскиот сектор, „ Big pharma “, како што се нарекуваат, ги напуштаат најмалку профитабилните лекови – односно најстарите лекови, кои веќе не нудат монопол, и оние најскапите за дизајнирање наменети за пазарот главно составен од сиромашни земји. Противотровите ги опфаќаат овие два вида лекови. Француската Санофи во 2010 година го заврши производството на FAV-Afrique, главниот серум за Африка. „Растечката конкуренција од земјите во развој, со трошоци за производство со кои не можевме да се израмниме, постепено помогна да се концентрира глобалната побарувачка особено околу критериумите за цена“, се правда лабораторијата
Кажано меѓу редови, Санофи е насочен кон индиските производители. Индија е една од ретките земји жртви на змии која може да ги направи своите противотрови. Тоа „стана аптека на светот“, се потсетува г -дин К.М. Гопакумар, експерт за интелектуална сопственост. Од 1970 -тите, земјата стекна вештини за копирање лекови и вакцини. Откако се приклучи на Светската трговска организација (СТО) во јануари 1995 година, таа мораше да се придржува кон законот за интелектуална сопственост што го регулира фармацевтскиот сектор за извоз на лекови, потпирајќи се на инфраструктурата и претходно стекнато знаење.
Индија моментално масовно произведува молекули кои сега се во јавна сопственост или во договор со лабораториите кои го имаат патентот, како што е случајот со Серумскиот институт на Индија (СИИ) и АстраЗенека за производство на вакцина против Ковид-19. „Индиските компании станаа експерти за копирање лекови по ниска цена“, продолжува г -дин К.М. Гопакумар. Додека индустријата е рангирана на трето место во светот по обемот на продадени лекови, количината и квалитетот на произведени серуми против отрови се многу ниски.
Индустријата е основана во 1966 година од богато семејство Пeрсијци во државата Махараштра. Таткото, г -дин Соли Пунавала, е познат како пионер во одгледувањето на тркачки коњи. Еден ден, змија убива една од неговите коњи тркачи. Синот, Сајрус, доаѓа до идеја да започне да произведува противотров. Тој го создава SII. Оттогаш компанијата стана најголемиот светски производител на вакцини.
Пунавала примени само рецепт развиен во 1894 година од Алберт Калмет, ученик на Луј Пастер: „посилна доза“ отров се инјектира во животно, генерално во коњ, за да предизвика имунолошка одбрана. Антителата од неговата крв се собираат и обработуваат, пред да бидат вакцинирани луѓето. Не постои подобро докажана техника, дури и ако останат нечистотии, извори на негативни ефекти: чешање, тешкотии во дишењето, па дури и анафилактичен шок (тешка алергиска реакција).
Застареноста на процесот, исто така, ги револтира бранителите на животните. Покрај тоа, за правилно функционирање, мора да се подготват противотрови со отров извлечен од видовите змии од засегнатите земји. Vins Bioproducts, водечки индиски производител, е обвинет за продажба на лекови на африканските земји, кои се малку, ако воопшто и се ефикасни за каснувања од нивните змии, бидејќи се направени од отрови собрани во други делови на континентот. „Тоа можеше да се случи во минатото“, признава г -дин Аџит Наир, директор на лабораторијата. Но, веќе две до три години, ние вадиме отров кој е соодветен за пазарот кој треба да се снабди. “
Во Индија, поголемиот дел доаѓа од Тамил Наду на источниот брег на земјата. На парче земја помеѓу океанот и езерото, членовите на племето Ирула работат во Фондот за крокодилска банка Мадрас, центар за заштита на влекачи основан од херпетологот Ромулус Витакер во 1970 -тите, почитувајќи ги законите за зачувување на дивиот свет. Денес, задругата вработува повеќе од 300 фаќачи на змии платени според бројот на фатени во околните полиња. Тоа се околу 2.800 ехиди, 2.000 кобри, 2.000 змии отровници и 1.500 бонгари годишно. Потоа истите се „сместени“ во земјени тегли.
За да го извлечат отровот, Ирулите се служат со еден столб. Фатени за вратот, влекачите широко ја отвораат устата. Нивните заби се всадени во капакот на садот што ја собира проѕирната течност. Во 2019 година, тие собраа 1.577 грама од тоа, во зависност од видот, доаѓа од 280 до 500 евра за грам, пет до десет пати повеќе од цената на златото. Животните се ослободуваат после три недели.
„Она што мислев дека е добра идеја во 1970 -тите, можеби и не е толку добра“ му се испушти на г -дин Витакер. Покрај опасноста која постои при нивно фаќање, тешко е повторно да се вратат змиите, кои се сѐ уште отровни, во нивната средина на живеење, без да се привлече гневот на селаните кои живеат таму … Рептилите се враќаат назад во подалечните шуми, без никаква гаранција дали ним таму ќе им се допадне. Квалитетот на серумите исто така страда од таканарачениот монопол којшто го имаат Ирулите – околу 80%, според г -дин Витакер – бидејќи тие имаат само еден извор, но би било потребно да се разликуваат за да се прилагоди противотровот на локалниот вид. Лекот што лечи напад од африканска мамба не лечи индиска кобра. „Отровот на змиите од ист вид се разликува од регион до регион, особено затоа што поинаку се хранат“, предупредува г-ѓа Анита Малхотра, експерт за зоологија на Универзитетот Бангор (Обединетото Кралство).
Шефот на Vins Bioproducts тврди дека може да добие отрови на друго место, не само во Тамил Наду. Premium Serums and Vaccines, друга лабораторија меѓу шесте најголеми национални производители, напротив уверува дека е невозможно да се добие на друго освен кај Ирулите. „Јавните власти треба да организираат сопствена собирање. За секој регион треба да се произведе специфичен антивирус“, тврди Картик Сунагар, истражувач и коавтор на студија за грешките на серумите[2]. Но, шумските служби само ретко ги дестилираат дозволите за фаќање змии, од кои сите се заштитени. За да се подобри следливоста, „СЗО препорачува собирање на отровот од домашни животни, како во САД или Европа“, вели Витакер. Ирулите ќе треба да се прилагодат, но претворањето во одгледувачи е огромна промена. Не знам кога тоа ќе биде можно. “
Потрагата по алтернативни противотрови, исто така, бара време. Се до 2017 година, Policy Cures Research, тинк -тенк што ги идентификува финансиските напори во истражувањето и развојот, не најде инвестиции во оваа област. Од нивното вклучување на листата на СЗО, таму се потрошени 16 милиони евра. Wellcome Trust една од најмоќните добротворни фондации во светот по онаа на г-дин Бил Гејтс, која финансира, на пример, во износ од 3,5 милиони евра проект за моноклонални антитела, кој стана популарен со истражување против Ковид-19. Тие се прилепуваат до клетките за да спречат да влезат отровните елементи на отровот, како оклопна врата која го блокира нивното навлегување.
Но, оваа надеж подразбира „многу скапи“ истражувачки програми, според индиските производители. Покрај тоа, ова не е приоритет на СЗО. „Потребни се пет до петнаесет години за да се развие нов производ“, рече Дејвид Вилијамс, токсиколог и консултант во Одделот за контрола на занемарени тропски болести. Наместо тоа, итно треба да им помогнеме на производителите да го обезбедат квалитетот во нивното производство, да им помогнат на луѓето што умираат од каснувања секој ден. “
Треба да се зопочне со жртвите на африканските земји кои немаат ниту една произведена серумска единица. Во јуни 2021 година, СЗО ја воспостави првата листа на сертифицирани безбедни противотрови наменети за Африка. „Важно е да се врати довербата, така што луѓето не се плашат да ги користат“, вели Жулиен Поте, политички советник во MSF. Бидејќи маргините се ниски, индиските производители имаат тенденција да ги намалуваат нормите, со разредување на производите, на пример.Понекогаш се потребни дваесет инјекции за да се неутрализираат најтешките каснувања. ”
Во Индија, продажната цена на шишето е ограничена на околу 8 евра, слично колку и трошоците за производство. По оваа цена, индиските противотрови се најевтините во светот, но и најмалку профитабилни. „На домашниот пазар, не е можно да се оствари доволен профит“, убедува Милинд Хадилкар, раководител на Premium Serums and Vaccines. Неговиот производ е на листата на СЗО за сертифицирани производи за Африка, единствениот меѓу индиските конкуренти. Лабораторијата се надева на овој печат за да го зголеми својот извоз на овој континент, каде што една ампула се продава за околу 25 евра. Речиси половина од продажбата и оние на Vins Bioproducts веќе одат во странство. Другиот се користи за лекување на Индијци кои и покрај сé остануваат да бидат најчестите жртви на каснување од змија во светот.
Преведено од: Маја Малиновска
Фусноти:
[1] Wilson Suraweera et al., « Trends in snakebite deaths in India from 2000 to 2019 in a nationally representative mortality study », eLife, Кембриџ, 7 јули 2020 год.
[2] Senji Laxme et al., « Beyond the ‘big four’: Venom profiling of the medically important yet neglected Indian snakes reveals disturbing antivenom deficiencies », PLOS Neglected Tropical Diseases, Сан Франциско, 5 декемрви 2019 год., https://journals.plos.org