Во Ирак и Сирија – цивилите се првите жртви на бомбардирањето
Сојузот предводен од Вашингтон комуницира месечно за своите воздушни акции, но прашањето на убиените цивили е предмет на извештаи, понекогаш ажурирани доста долго по настаните. На пример, во јули 2021 година, коалицијата објави дека спровела 34.984 „удари“ – термин кој систематски се користи како еуфемизам наместо бомбардирање – во Ирак и Сирија уште од август 2014 година. „Во текот на овој период, според достапните информации, Заедничката оперативна група проценува дека најмалку 1.417 цивили ненамерно загинале од коалициските напади“, понатаму се вели во извештајот.
Од Демиен Лефоконие*
*Новинар.
Фото: Khaled Akacha/Pexels