Отпадот – слепа точка на нуклеарното заживување
Реализацијата на нуклеарниот проект ЦИГЕО се забрзува: АНДРА оваа година ќе поднесе барање за дозвола за реализација на проектот (ДАЦ). По мислењето на Државниот совет и министерскиот декрет, изградбата на локацијата би можела да започне околу 2025 година, а складирањето во 2035 година. На 31 мај 2018 година, Анкетната комисија за безбедност и сигурност на нуклеарните капацитети при Националното собрание на Француската Република, го сослуша лично Лени Патино. Како поранешен вработен во АНДРА (2012-2015), овој научен работник ја бранеше тезата за проектот ЦИГЕО, која конкретно заврши со заклучок за неговата „неизбежна несигурност“.[i] „Прифатливиот износ на ризик зависи од чувствителноста на секој човек“, им порача на парламентарците. „АНДРА се труди да обезбеди најсигурни можни услови за складирање на нуклеарен отпад. Ова никако не ја намалува сложеноста на проблемот… Милион години е одложување кое го прави невозможно да се контролираат сите феномени“.
Од Седрик Гувернер*
*Новинар
Фото: matheus-bertelli/pexels