Le Monde Diplomatique – Македонско издание

Соединетите Американски Држави, како доста наметливи соседи

Мексико го потресе американското старателство

Останува да се види дали мексиканскиот претседател ќе може да го убеди својот нов колега, г. Бајден, да ги разгледа условите за соработка за миграција што досега беше неефикасна и погубна од аспект на безбедноста

Луи Алберто Регада
Новинар


Фото: Robbie Herrera / Unsplash

На 15 декември 2020 година, мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор (познат како „AMLO“) испрати писмо со честитки до г. Џозеф Бајден, кој неколку недели порано беше избран во белата куќа. Среде очекуваните честитки, писмото е пратено со едноставната добрососедска дипломатија : „Сигурни сме дека со вас ќе биде можно да се продолжи со примената на принципите за надворешна политика утврдени во нашиот Устав, вклучително и неинтервенција и [правото на] самоопределување на народите.“ Убедени дека безбедноста и просперитетот на Соединетите Американски Држави се „неразделно поврзани со ситуацијата со Мексико“, стејт департментот долго време има надзор врз јужниот сосед како „врвен приоритет“1. Без премногу да се грижи за неговиот суверенитет.

Неодамнешниот скандал ги одбележа намерите. Судењето на кумот Хоакин „El Chapo“ Гузман кое заврши во 2019 година, откри како заводот за алкохол,тутун, огнено оружје и експлозив (ATF) кој би требало да се бори против трговијата со оружје, „случајно“ стана еден од снабдувачите на автоматски пушки на картелот Синалоа2. Преку својот проект „Gunrunner“ („шверцер на оружје“) и операцијата „Fast and Furious3, ATF им дозволи на шверцерите поврзани со шверц на дрога да набават оружје од САД и да го прошверцуваат преку границата, во обид да се следи нивната трага. Од 2006 година и за време од пет години, 2 500 оружја, од полуавтоматска до антитенковска пушка паднаа во рацете на картелите, со премолчена согласност на американски агенти. Тие агенти се грижеа само за влијанието на нивните методи се до моментот кога калашникови поминаа низ овие тајни програми и предизвикаа смрт на нивните колеги од миграциската полиција, граничната патрола на САД …

Ништо од ова не би било можно без поддршката на раководството на Мексико. Во 2002 година, кога американскиот претседател Џорџ В. Буш создаде воена команда одговорна за надгледување на северниот дел на континентот (US Northern Command – Northcoс), неговиот колега Висенте Фокс внимавајќи практикуваше дипломатија и го поздравуваше воспоставувањето на северноамерикански безбедносен периметар. Во 2005 година, единаесет години по северноамериканската зона на слободна трговија (НАФТА), Партнерството за безбедност и просперитет (SPP) дополнително ги испреплети безбедносните политики на двете земји. Во 2007 година, г. Фелипе Калдерон го повика „чичко Сем“ да му помогне во неговата „војна против трговијата со дрога“. Иницијативата „Мерида“ тогаш станува клучен камен-темелник на соработката помеѓу Мексико и Вашингтон.

На хартија, оваа програма финансирана од страна на стејт департментот и агенцијата за меѓународен развој (Усаид) има за цел „зајакнување на мексиканските безбедносни и судски институции“, како и владеењето на правото за „ограничување на насилството“ и за „обезбедување на границата“. Во исто време, тој мора „да ги зајакне напорите на Соединетите држави на нивна територија со цел ставање крај на трговијата со оружје, пари и побарувачката на дрога“4. Поконкретно, иницијативата е во форма на плик од половина милијарда долари наменети за набавка на американска опрема од страна на мексиканските безбедносни сили (оклопни возила, авиони за поморска патрола, борбени хеликоптери…), како и фонд од 3 милијарди долари за зголемување на присуството на САД јужно од Рио Браво.

Г. Калдерон ги отвара вратите за соработка со разузнавачките служби на северот. Неговата влада одобрува воспоставување на Mexico Technical Surveillance System, програма што му овозможува на Вашингтон геолокација, пресретнување и анализа на информации од кој било систем за комуникација (телефон и интернет) во Мексико. Во ноември 2010 година, новинарска истрага откри дека девет американски разузнавачки агенции се сместиле во облакодер сместен недалеку од амбасадата на Соединетите држави5. Помеѓу сместените ентитети се Defense Intelligence Agency (DIA, воена разузнавачка служба), National Reconnaissance Office (NRO, сателитски снимки) и National Security Agency (NSA, разузнавање од електромагнетика).

Без сомнение, верувајќи дека црвениот тепих сè уште не е доволно одвиткан, САД ги надминуваат условите на договорите потпишани со својот сосед. Во 2013 година, откритијата на г. Едвард Сноуден упатуваат на подземната станица на Special Collection Service (SCS), класифицирана програма, што заеднички ја водат Central Intelligence Agency (CIA) и NSA. Таа работи во мексиканската престолнина и нејзините агенти собираат политички и економски информации, особено со пресретнување комуникации од високи функционери, а понекогаш и од самиот претседател на Републиката6.

Како убеден националист, „AMLO“ не го прифаќа ова мешање. Неколку дена по неговата победа на 1 јули 2018 година и додека се подготвуваше да ја добие, како избран претседател, посетата на г. Мајкл Помпео, кој е државен секретар на г. Доналд Трамп, тој изјавува дека планира да го откаже договорот да се купат осум воени хеликоптери во вредност од 1,2 милијарди долари. Следниот месец, неговиот иден министер за јавна безбедност изјави дека „соработката на воено поле [со САД] не е најдобриот начин за справување со проблемите на несигурност“, пред да пушти мала бомба : „Ние мора да ги разгледаме сите договори за соработка што постојат помеѓу нашите две земји“7.

Откако беше сместен во Националната палата на почетокот на декември 2018 година, г. Лопез Обрадор активно ги држеше американските агенции за спроведување на дрога надвор од неговата стратегија. Неколку месеци откако ги основаше полициските сили и се откажа од фронталната борба против картелите, за време на прес-конференција на 7 мај 2019 година тој најави : „Повеќе не ја сакаме иницијативата Мерида.“ Мексико сака американската помош да биде пренасочена кон проекти за економски развој, особено на југоистокот на земјата и централна Америка, со цел да се спречи миграцијата што го загрижува г. Трамп.

Меѓутоа, новата безбедносна политика на „AMLO“ тешко дека може да се докаже. Новата национална гарда не успева да ја запре постојаната стапка на убиства, а не па да ги ослабне криминалните групи. Безбедносните сили претрпеа неколку неуспеси : овде четиринаесет полицајци кои загинаа во заседа, тука има преоружен командос кој за малку промаши да го убие началникот на полициските сили на Мексико во срцето на главниот град …

Во ноември 2019 година, се приближивме до дипломатската криза по масакрот на мексиканско-американско семејство во североисточна држава Сонора (која граничи со Аризона) од страна на членови на организиран криминал. Американската јавност е во шок. Уредникот на Wall Street Journal го исмева „предавањето“ на владата на чело на земјата „опасно блиску до пропадната држава“. „Ако Мексико не може да ја контролира својата територија, САД ќе мора да направат повеќе. (…) Воена операција не може да се исклучи.8 Кога Вашингтон се заканува дека ќе ги вклучи мексиканските картели на списокот на „странски терористички организации“ наведени во стејт департментот, министерот за надворешни работи на Мексико, Марсело Ебрард возвраќа дека Мексико „никогаш нема да толерира какво било дејствие што го нарушува нејзиниот национален суверенитет“, доста свесен дека ваквата ознака ќе има правни последици погодни за охрабрувачко мешање (Твитер, 27 ноември 2019 година).

За време на последната година од мандатот на републиканскиот претседател, Мексико напорно работеше за да не пречекори одредени ограничувања пред ваквиот непредвидлив и моќен трговски партнер. Но, кон крајот на октомври 2020 година, Мексико се навреди од целата ситуација, сметајќи дека е неприфатливо да не бидат информирани за истрагата насочена кон поранешниот министер за одбрана, генералот Салвадор Сиенфуегос, уапсен при неговото пристигање во Лос Анџелес, каде патувал со своето семејство. Решени да ја принудат американската администрација да ги почитува договорите за соработка, „AMLO“ има намера да создаде преседан. Тој повика на ослободување на пензионираниот војник, обвинет од ДЕА во договор со шверцерите на дрога. Претпочитајќи да не ја загрозува одржливоста на нејзините федерални агенции на мексиканска територија, американскиот правосуден систем прифаќа – на изненадување на сите – да се откаже од своите тужби, повикувајќи се на „деликатни и важни прашања од надворешната политика“9. Никогаш претходно видено.

Оваа одлука покажува дека двете држави „се посилни и го почитуваат суверенитетот на своите нации кога работат заедно“. Ова се потврдува во заедничката изјава која е дискутирана од страна на мексиканските дипломати10. Г. Сиенфуегос е вратен за судење во Мексико, а ДЕА ги споделува неговите докази како резултат на осумгодишната истрага. Но, за владата на г. Лопез Обрадор, „ништо повеќе нема да биде исто“, посочуваат блиски соработници: „Довербата е разбиена11.

Извршната власт останува посветена на подобро надгледување на активностите на американските безбедносни и разузнавачки агенции. Таа прави нов удар на местото каде има мноштво луѓе, предлагајќи реформа – која е донесена за само десет дена, на 15 декември 2020 година – од законот за национална безбедност. Навикнати на непречено работење, администрацијата за сузбивање на дрога (ДЕА), Федерално истражното биро, Централната разузнавачка агенција или Имиграција и царинска контрола (ICE) сега ќе треба да одговараат пред локалните власти.

На 14 јануари 2021 година, мексиканскиот јавен обвинител го објави резултатот од истрагата против г. Сиенфуегос : ништо цврсто ; генералот нема да биде гонет. На прес-конференција, „AMLO“ ја осуди ДЕА и ја обвини дека покренала истрага против него. „Не можеме да дозволиме да виси било какво сомневање за владата и нејзините институции. Поради тоа, донесовме одлука да го објавиме целото досие.12750 страници од американската истрага се објавени истиот ден што значи навредување на одделот за правда. Противниците на г. Лопез Обрадор – конзервативните опкружувања што некогаш им ги отворија вратите на американците, сега изнесуваат секакви теории за да го објаснат неговиот став: би биле предмет на моќта на војската, во трки со шверцери на дрога; тој би бил популист кој игра на националистичка карта за да се подготви за следните избори… „Можеби реакцијата на претседателот едноставно се должи на револтот испровоциран од страна на сомнителниот став на странската агенција која е премногу интервенционистичка и треба да се запре еднаш засекогаш“, сугерира новинарот Џорџ Зепеда13.

Останува да се види дали мексиканскиот претседател ќе може да го убеди својот нов колега, г. Бајден, да ги разгледа условите за соработка за миграција што досега беше неефикасна и погубна од аспект на безбедноста. Две теми кои нема да изостанат да се појават повторно за време на мандатот на демократскиот претседател. Стејт департментот може да го направи првиот чекор со признавање на смртта на иницијативата „Мерида“. Засега, американскиот конгрес веќе има испланирано пакет од 150 милиони долари за финансирање на иницијативата во 2021 година…

 

Преведено од: Павлина Димовска


Фусноти:

  1.  « Integrated Country Strategy – Mexico », département d’État américain, 3 август 2018 година, www.state.gov 
  2.  Keegan Hamilton, « Prosecutors don’t want El Chapo’s jury to hear how the US government sent guns to the Sinaloa cartel », Vice, 10 декември 2018 година, www.vice.com  
  3.  « Брзи и бесни » – од името на серијалот филмови.
  4.  Интернет страна на амбасадата на САД во Мексико, https://mx.usembassy.gоv 
  5.  Jorge Carrasco A. et J. Jesús Esquivel, « El gran espía », Proceso, 14 ноември 2010 година.
  6.  Jens Glüsing, Laura Poitras, Marcel Rosenbach et Holger Stark, « NSA accessed Mexican president’s email », Der Spiegel International, Хамбург, 20 октомври 2013 година.
  7.  Diego Oré, « Incoming Mexican president to review US security cooperation–aide », Reuters, 3 август 2018 година.
  8.  « The cartelization of Mexico », The Wall Street Journal, Њујорк, 6 ноември 2019 година
  9.  Michael O’Boyle et John Harney, « US dropping drug charges against Mexico’s ex-defense chief », Bloomberg, Њујорк, 17 ноември 2020 година.
  10.  Communiqué conjoint du procureur général de la République du Mexique et du procureur général des États-Unis, www.gob.mx/fgr  , 17 ноември 2020 година.
  11. Jesús Esquivel, « Con Estados Unidos “se perdió la confianza” y “ya nada será igual” », Proceso,21 ноември 2020 година.
  12.  « Presidente instruye a SRE publicar expediente completo de investigación contra el general Salvador Cienfuegos Zepeda », bulletin de presse de la présidence de la République, 15 јануари 2021 година.
  13.  Jorge Zepeda Patterson, « Cienfuegos, la otra explicación », Milenio, Мексико, 19 јануари 2021 година.

Поврзани текстови

Кошничка

Cart is empty

Вкупно
ден0.00
0
LeMonde Diplomatique - македон

FREE
VIEW