Дали дипломатијата за гасоводно поврзување порано беше поефикасна? Во седумдесетите години од минатиот век, администрациите на државите од Западна Европа и Советскиот Сојуз беа успешни кога се работеше за разменување гас: стабилните и издржливи гасоводи изградија мост помеѓу двата ривалски блока на Стариот континент1. И кога се осмелија да ја нарушат оваа рајска состојба, Американците останаа разочарани: во 1982 година, претседателот Роналд Реган санкционираше неколку европски компании вклучени во изградбата на евро-сибирски гасовод, што според него би ја направила Европа зависна од Советите2. Но, десетте членки на Европската економска заедница одбиваат да го применат ембаргото и Франција побарува компанија која ќе ја принуди да им доставува материјал на Советите … Неколку месеци подоцна, Вашингтон се повлекува.
Од падот на Берлинскиот Ѕид во 1989 година, гасната инфраструктура го сее семето на раздорот меѓу земјите-членки на Европската унија. Таа е симбол на влошувањето со односите со Русија, главна разлика во геополитички интереси меѓу теоретски сојузничките нации, нивната немоќ наспроти САД. Судбината на Северен поток 2, што ги поврзува Русија и Германија преку Балтичко Море, ја прикажува оваа пресвртница.
Скоро завршено, склопувањето на оваа челична змија од 1.230 километри и кое чинеше 9,5 милијарди евра, мораше да биде запрено во декември 2019 година, заради добиени низа критики од ЕУ и санкции од САД. Како може последните километри на една инфраструктура иако веќе има десетици исти такви да сеат раздор во Унијата и да се појави една од најсериозните дипломатски кризи од повоениот период помеѓу Вашингтон и Берлин?
На почетокот, се чинеше дека неспогодбата е мала. Во партнерство со пет европски компании за гас (австрискиот OMV, германските Wintershall и Uniper, Француски Engie и англо-холандската Shell), рускиот конгломерат Гаспром презеде обврска во април 2018 година да го удвои капацитетот на Северен поток 1. Инаугуриран во 2012 година, овој прв гасовод веќе носи 55 милијарди кубни метри гас годишно од Виборг, град кој се наоѓа во близина на Санкт Петербург до градот Грајфсвалд, во германската држава Мекленбург-Западна Померанија. Неговата рута е одговор на стратешкото барање на Кремлин: да се заобиколи Украина, преку која сè уште транзитира повеќе од половина од сибирскиот извоз на метан наменет за Европа.
Москва го обвинува Киев за претерано искористување на правата на минување, за пренасочување на дел од тековите и за непочитување на долговите. Неколку конфликти, со мали прекини во испораките, избувнаа помеѓу 2005 и 2009 година. Од „украинската револуција“ од 2014 година, спроведена од страна на Организацијата на Северноатлантски договор (НАТО) и потоа после анексијата на Крим од Русија истата година, состојбата се влоши. Северен тек 1 и 2 го рефлектираат секој на свој начин влошувањето на руско-украинските односи: проектот на првиот започнува една година по „портокаловата револуција“ во 2004 година, поддржан е исто така од Западот; договорот за изградба на неговиот близнак внимателно ја следи украинската криза од 2014 година. Суверениот интерес на Русија бара таа да го ослободи извозот на гас од политичките пресврти на нејзиниот сосед: 91% од протоците кoи одеа кон Европа поминуваа низ оваа земја во 1994 година, во споредба со помалку од 41% во 2018 година. Со Северен тек 2 и неговиот јужноевропски колега, Турски поток, исто така во изградба (видете ја картата од спротивната страна), ќе се прекине зависноста од Гаспром.
Гасоводите се специфични затоа што создаваат меѓусебна зависност помеѓу земјите што ги поврзуваат. Оваа зависност помеѓу Берлин и Москва создава нервози. Од самиот почеток, на Северен тек 2 се спротистави коалиција направена од неколку противници, кои гравитираат кон орбитата на американската суперсила, односно, се подразбира, Украина, но и кон балтичките земји и Полска“, „спротивставени на проектот заради антируски причини “, како што отворено се признава во извештајот на францускиот парламент3. Сепак, во 2018 година, оваа оска не се спротивставува на поддржувачите на проектот, предводен од Германија и нејзиниот поранешен канцелар Герхард Шредер, повторно претворен во лобист и бомбардиран од претседателот на управниот одбор на Гаспром, односно, компанијата Северен поток 2.
За Берлин, најголемиот потрошувач на гас во Европа, новиот гасовод претставува уште поголем удел бидејќи канцеларката Ангела Меркел го ратификуваше укинувањето на употреба на нуклеарната енергија на крајот на 2022 година и на јагленот во 2038 година. Во очекување на пораст на моќ на обновливи извори, „енергетската точка на пресврт“ доживеа неуспех: само еден студен бран или облачно време без ветар и тоа значи дека термоцентралите кои се напојувани од лигнит ќе ги растурат сите надежи за намалување на емисиите на стакленички гасови, како што се случи минатиот февруари4. Оттука произлегува потребата од одржливо снабдување со гас, кој помалку загадува од јагленот и гарантира стабилни цени. Од гледна точка на Германија, постигнувањето на овaa стратешка цел со помош на зацврстувањето на трговско партнерство со Русија е оправдано, дури и ако односите меѓу двете земји се влошени од 2014 година. Германија „смета дека потрагата по економска придобивка е најважен показател за успешноста на нејзината надворешна политика“, се присетува Ангела Стент, (проамерикански) специјалист за односи меѓу Вашингтон, Берлин и Москва5.
Истата филозофија е онаа на г-динот Доналд Трамп, но хаотично спроведена, и која ќе го попречи проектот. За Вашингтон, насочувањето кон Северен поток 2 има економска и геополитичка важност: благодарение на поддршката на Европската комисија, наклонета кон флексибилниот американски пазар на течен природен гас (ТНГ), наместо кон руските гасоводи и на поддршката на помалите земји кои се најатлантистички во Унијата (Полска, Данска и сл.), Вашингтон не само што има намера да ги спречи плановите на Москва, туку и, пред сè, сака да ги наметне своите вишоци течен гас од шкрилци на европскиот пазар. И, патем, изврши притисок врз Германија, со која се трупаат трговските спорови. На оваа цел работи целата дипломатска суптилност на Соединетите држави.
Г-дин Трамп, кој, откако дојде на власт, и се заканува на Европа со царински санкции, во јули 2018 година ја доби победата над Брисел: Унијата се согласи темелно да ја разгледа својата политика за гас во корист на GNL „слобода“ (според г-динот Трамп) и на штета на „тоталитарниот“ гасовод. Новата директива за гас, усвоена следната година, ги вжешти административни расправии наменети да го попречат Северен тек 2, до тој степен што неговите дизајнери мораа да ја преиспитаат неговата правна и комерцијална архитектура.
Овој текст немаше да биде усвоен од Европскиот совет во февруари 2019 година без спектакуларниот пресврт на францускиот претседател, кој даваше дискретна поддршка досега на поддржувачите на проектот (Германија, Франција, Австрија, Холандија, Белгија, Грција и Кипар), малцинство кое блокираше. Г-дин Емануел Макрон го образложи своето пресвртување со потребата „да не се зајакне зависноста од Русија6“; но можеби тој се обидуваше да го натера Берлин да го разгледа неговиот план за реформа на Унијата, кој беше пречекан преку Рајна со крената веѓа.
По предупредувањето, одекнува топот: како да е очигледно дека за европската енергетска политика треба да се одлучи во Вашингтон, американските парламентарци од обете страни во декември 2019 година гласаа за „законот за заштита на енергетската безбедност на Европа“, спас за „санкциите за замрзнување на визите и за средствата на секое странско лице кое свесно им помага на пловните објекти за поставување цевки за изградба на цевководи со руско потекло кои завршуваат во Германија или Турција “, како што сумираше Конгресот на САД. Овие екстериторијални мерки, без никаква правна основа според меѓународното право, предизвикаа итен прекин на проектот Северен поток 2. Тие ќе се заострат и ќе се прошират на компаниите следната година. Повеќето компании за техничка помош и осигурителни компании го напуштаат бродот.
Решени да го уништат финансиски секој објект што ја дава својата поддршка на рускиот проект, Соединетите држави објавија во јули 2020 година дека „Северен поток 2“ сега спаѓа во делокругот на законот од 2017 година наречен „Спротивставување на противниците на Америка со санкции“, чија цел првично беа Русија, Иран и Северна Кореја. Овој пат, прекршителите на кои им се заканува исклучување од системот на доларот се наоѓаат помеѓу деловните субјекти и граѓаните на Германија, земја членка на НАТО и најмоќниот сојузник на Соединетите држави во Унијата. Во едно писмо од 5 август 2020 година, тројца американски парламентарци им наредија на директорите на две германски пристаништа да престанат да земат било какво учество во „Северен поток 2“, во спротивно, им се заканија дека „ќе ја уништат финансиската одржливост на [нивната] компанија“ и „ќе ја уништат [нивната] акционерска вредност “, ги замрзнуваат нивните средства и им забрануваат да стапнат на американско тло. Мерки и тон обично резервиран за Венецуела или Куба …
Соочен со такво понижување, германскиот министер за надворешни работи, социјалдемократот Хеико Маас, забележува: „Ние не ги критикуваме Соединетите Држави за двојно зголемување на увозот на нафта од Русија во текот на минатата година. Соединетите држави го користат своето право на независна енергетска политика. Ние исто така.“ И г-дин Франк-Валтер Штајнмаер, претседател на Сојузна Република, го поддржува завршувањето на „еден од последните мостови меѓу Русија и Европа“, повикувајќи се на „ повеќе од 20 милиони советски жртви на Втората светска војна7“.
Но, генерално, германските лидери остануваат да бидат дискретни за ова прашање. Ако политичките сили главно го поддржуваат проектот, ситуацијата станува критична. Христијанско-демократската унија сè уште го поддржува Северен тек, како и Социјалдемократската партија (SPD), Die Linke (левица) и Alternative für Deutschland (крајна десница), додека демохристијаните кои се најмногу антируски настроени, предводени од г-дин Манфред Вебер, лидер на Народната партија во Европскиот парламент, даваат се повеќе провокативни изјави. Либералите, првично чувствителни на економските аспекти, се потресоа од аферата со труењето на рускиот противник Алексеј Навални и сега повикуваат на мораториум. Зелените, кои се веќе непријателски настроени кон Северен тек 1, не сакаат да слушнат за втор гасовод. Нивната непопустливост е засилена со резолуцијата против гасоводот донесена во Европскиот парламент на 21 јануари, со мобилизација на еколошките здруженија и со антируската опсесија на западниот печат. Во комбинација со силата на американското влијание, популарноста на еколошкото чувство го прави случајот радиоактивен и ја турка германската влада кон отстапки.
Уште во 2019 година, канцеларката им додели на САД финансирање на два терминали за повторна гасификација наменети за прием на GNL на германското крајбрежје, под услов Вашингтон да престане да се спротиставува на Северен поток 2. За жал, труењето на г. Навални летото 2020 година и потоа неговото затворање во февруари 2021 година8, им обезбеди на противниците на гасоводот сè помоќен аргумент бидејќи Берлин енергично се обврза во корист на рускиот противник: од Варшава до Париз преку Брисел, официјалните лица ја повикаа канцеларката да го вклучи запирањето на проектот меѓу санкциите воведени за Москва. Пристигнувањето во Белата куќа на г-дин Жозеф Бајден ги ослободи либералите кои беа вознемирени од идејата да се усогласат со позициите на г-дин Трамп: но новата администрација се чини подеднакво решена како и старата да го убие Северен поток 2.
Сепак, сагата за змијата продолжува. Руските бродови продолжија со поставување на цевките на балтичко тло; Германија останува во надеж дека ќе ја убеди Белата куќа. И, за да се заобиколат санкциите, државата Мекленбург-Западна Померанија (СПД) создаде Фондација за заштита на климата и животната средина, која има свои цели за завршување на гасоводот. Иронично, времето на завршување на работата може да влијае на времето на преговорите за формирање владина коалиција по изборите во Германија на 26 септември. Зелените, на кои анкетите им ветуваат добар резултат и силна позиција во дискусиите, дали тогаш би ја проголтале змијата?
Преведено од: Маја Малиновска
Фусноти:
- Thane Gustafson, The Bridge : Natural Gas in a Redivided Europe, Harvard University Press, Кембриџ, 2020.
- Lire Claude Julien, « La paix selon M. Reagan », Le Monde diplomatique, февруари 1983.
- Rapport d’information déposé par la commission des affaires européennes sur l’indépendance énergétique de l’Union européenne, Assemblée nationale, Париз, 24 јуни 2020 година.
- Odile Tsan, « Nord Stream 2. Pourquoi Berlin a besoin du gazoduc de la discorde », L’Humanité, Saint Denis, 2 март 2021 година.
- Cité par Thane Gustafson, The Bridge, op. cit.
- Süddeutsche Zeitung, Munich, 7 февруари 2019 година.
- RND, Hanovre, 17 octobre 2020 ; Rheinische Post, Düsseldorf, 6 февруари 2020 година.
- Lire Hélène Richard, « Alexeï Navalny, prophète en son pays ? », Le Monde diplomatique, март 2021 година.