Има ли опасност ООН да умре?
Во 1945 година, педесет и едната земја-основач на ООН ветија, дека ќе ја направат да биде „центар, каде што се усогласуваат напорите на нациите кон заедничките цели“, утврдени во Повелбата од Сан Франциско (член 1, став 4), имено мир и економска, социјална, културна или научна соработка. Од година во година, организацијата ефективно организираше деколонизација, надгледуваше и решаваше многу конфликти и кризи на меѓународен план. Нејзините сини шлемови штитат милиони луѓе секој ден, додека хуманитарната помош (храна, здравје, бегалци) што ја дава – од Украина, па до Демократска Република Конго – обезбедува опстанок на милиони други ширум светот. Историчарката Сандрин Кот, дури покажа дека мултилатералниот меѓународен систем создал дискретни мостови меѓу двата блока за време на Студената војна, доведувајќи до конструктивно и мирно зближување на идеите, до степен да тврди дека во него, „порозноста на железната завеса, беше повеќе на една најлонска завеса“.
Од Ан-Сесил Робер
Фото: cottonbro/pexels