Минатиот јануари илјадници берзи на акции ги координираа онлајн своите нарачки за да ги зголемат цените на компаниите за кои големите инвестициски фондови се обложија. Револуција или карневал?
Сагата „GameStop“ е повеќе од приказна за индивидуални инвеститори кои понижуваа неколку арогантни инвестициски фондови и покрај хаосот што го направија на глобалните пазари. Тоа означува непредвидливо проширување на нападот врз Капитол во Вашингтон на 6 јануари. И двата настани имаа за свои протагонисти збир на зависни луѓе од социјални мрежи кои ги опколија најсветите институции на длабоко презрениот органски систем.
Но, бидејќи едногласната осуда ги погоди немирите во Вашингтон, крстоносците против Wall Street многу добро напредуваа. Бранејќи ги постапките на компаниите кои се борат против алчноста на инвестициските фондови, овие револуционери дури и освоија симпатии од двата политички табора.
За дигиталната контракултура, главната лекција што треба да се научи од овие два немири изгледа доста јасна: вистинските предвесници на бунтот против воспоставениот поредок мора да ја совладаат уметноста за тргување преку опциите на акции и деривати наместо да се искачуваат по sидови веејќи конфедеративни знамиња. Револуцијата би можела да се емитува во живо, да се твита и да се емитува на телевизија, но подобро е да се зачува во Excel табела.
Достоинството што е доделено на крстоносна војна на „GameStop“, негативно ја одразува слабата репутација на инвестициските фондови. Друг, помалку очигледен елемент е оној што го објаснува приемот добиен од јавното мислење: говорот за „демократизација“ што го придружуваше порастот на ефтините брокерски услуги преку интернет. Тоа е една таква платформа, наречена Robinhood („Робин Худ“), која обезбеди дигитална инфраструктура за бунтот на GameStop. Неговата мисија се состои од повторување на слоган (ad nauseam) од страна на неговите основачи, се додека не отапат на нив и ги „демократизираат финансиите“. Оваа формула ја поттикнува благородната мисија на индексните фондови како „Vanguard “ во раните седумдесетти години на минатиот век : да се создадат едноставни, безбедни и ефтини финансиски инструменти за да се овозможи просечен граѓанин да може да инвестира на берзата. „Robinhood“ сепак, сака да се разликува од светските брокерски фирми на Wall Street. Тие се гледаат себеси како револуционерна и нарушувачка сила директно од Силициумската долина.
„Демократизацијата“ за која зборува Robinhood, се појавува во поинакво светло. Таа ќе се претплати во редот на Uber, Airbnb и WeWork, наместо Vanguard или BlackRock. Сите овие дигитални гиганти ветија дека брзо ќе „демократизираат“ нешто – соодветно транспорт, вдомување и канцеларии.
Доста брзо, оваа прилично нова индустрија со своето ветување за „демократија како услуга преку интернет“, која нема граници, започна глобална крстоносна војна за „демократизација“ каде за возврат се нуди шетање кучиња, грижа за деца, подготовка на сок и пеглање. Кој би помислил дека овие тривијални аспекти на секојдневниот живот се толку инхерентно репресивни и тоталитарни што бараат радикална „демократизација“?
Оваа глобална кампања се засноваше на собирање средства од фирми со ризичен капитал и институционални инвеститори кои, заглавени во ниските каматни стапки наследени од глобалната финансиска криза, не беа сигурни каде да ги стават своите пари. Но, приказната не завршува тука. Овој целосен погон за „демократизација“ имаше и поддршка на таков пример на либералната демократија како што е саудиската влада, поврзана со јапонскиот конгломерат SoftBank, за да истурка милиони компании како Uber и WeWork.
Овие финансиски текови, поврзани со новите деловни модели кои официјално ги направија „бесплатни“ претходно платените услуги (е-пошта, картички, совпаѓање на понудата и побарувачката), создадоа илузија за напредок и социјална мобилност. Неизбежниот процес на „демократизација“,бранет од сите платформи, честопати беше резултат на едноставни аритметички пресметки. За WeWork, пресметките се покажаа како погрешни. Останува да се види дали Robinhood, кој тукушто итно собра дополнителни 1 милијарда долари за да остане во живот, ќе има посреќна судбина. Во повеќето случаи, големите ветувања не доживеаја ништо.
Така, дигиталната индустрија стана главен снабдувач на „популизам“ низ целиот свет. Таквата изјава може да делува претерано. Ако го резервираме зборот на “п” за г. Стив Банон, г. Виктор Орбан и г. Реџеп Таип Ердоган, дали навистина можеме да му парираме на г. Џеф Безос или г. Марк Цукерберг?
Можеме – и мораме. Со очи насочени кон примитивниот, токсичен и националистички „популизам“ на г. Доналд Трамп, не успеавме да ја набљудуваме улогата на Силициумската долина во појавата на софистицирана, космополитска и учтива „популистичка платформа“.
Таа напредува истакнувајќи преку заговорен начин дека светот не е тој што мислиме дека е. Актуелните компании, такси компании, хотели, инвестициски фондови, наводно, ги смениле правилата на игра со цел да ги промовираат своите интереси. Само со „нарушување“ на нив може да се очекуваат придобивките што ги ветуваат дигиталните технологии. За овие цели, платформите ветуваат дека ќе ги ослободат силите на капитализмот со цел да ги цивилизираат овие диви остатоци од пред-дигиталното време.
Зафатен помеѓу Силициумската долина и Wall Street, популизмот на платформата игра прилично парадоксална улога: тој ветува дека ќе го содржи капитализмот со ослободување на уште побујни форми на капитализам, за доброто на човештвото.
Како и повеќето „популаризми“, и овој не ја разбира економската политика што го овозможува тоа. Штета ако презираните инвестициски фондови ги загубат парите што ги финансираат универзитетите и платите на пензионерите : пензионерите требаше да ги напуштат пензиските фондови само за Robinhood!
Не е важно дали ригидноста на пред-дигиталните чинители се должи на почитувањето на законите наметнати од демократските држави (иако капиталистички). Бидејќи, во светот обратно од популизмот на платформата, разоткривањето на демократските закони подложувајќи ги на постојан економски притисок на конкуренцијата, забрзан со дигитализацијата и бесконечните ресурси на нејзините инвеститори, ќе претставува непобитен доказ за „демократизација“.
Дали популизмот на платформата усвојува главно погрешен говор, што на крајот им користи на SoftBank и Саудиска Арабија, е исто така неважно. Без сопствена кохерентна идеологија, тој е заинтересиран за процеси, а не за последици. Тој има намера да докаже дека, и покрај бирократските машинерии и нивното проклето законодавство, нашата моќ на индивидуална иницијатива останува недопрена. До степен да се направи непотребна каква било мобилизација околу долгорочна политичка програма.
Секако, повеќето бесни поборци на „GameStop“ претпоставуваат дека нивните лични придобивки се кревки и привремени. Но, кој би можел да им го порекне задоволството да ја потврдат сопствената слобода како одмазда кон авторитетот, притоа знаејќи дека во овој случај долгорочните придобивки ќе се одлеат на… други инвестициски фондови?
Преведено од: Павлина Димовска