Европа соочена со дилемите на суверенитетот
Кој е легитимитетот на оваа европеизација? Претседателот Макрон се заканува со трозабецот „суверенитет-единство-демократија“[i] за да ги натера дваесет и седумте членки на ЕУ да го прифатат она што не е „француска фантазија“, туку „императив“, имено „европски суверенитет“. Сепак, во оваа фаза гласачите не му дадоа мандат да иницира ваков потфат. Затоа, третиот термин е едноставна парола. Набљудувачите тука се поделени во два блока: од една страна, оние за кои легитимитетот (оној што е даден со универзалното избирачко право или неговите претставници) не е предуслов за нови „трансфери на суверенитет“, туку крунисување на еден процес – и, од друга страна, оние кои сметаат дека тој е, напротив, услов сине ква нон, освен ако некој не го прифати како фет акомпли.
Од Ан-Сесил Робер
Фото: Marina Leonov/Pexels