Жед за реформи во Латинска Америка
Здравствената криза тешко ги погоди особено таканаречените „неформални“ работници (мали семејни бизниси, маалски продавници, самовработени и улични продавачи или ситни фармери), а кои претставуваат дури повеќе од половина од работоспособното население во Латинска Америка, или 140 милиони луѓе.[i] Немајќи формални договори за вработување и социјално осигурување, тие немаат корист од ваквите заштитни инструменти како нивните европски колеги. Нема синдикат да зборува за нив и во нивно име, лишувајќи ги од можноста да преговараат со властите или со организациите на работодавачите.
од Ернесто Сампер Пизано*
*Поранешен претседател на Колумбија (1994-1998) и поранешен генерален секретар на Унијата на јужноамериканските држави, УНАСУР (2014-2016).
Фото: Pexels