„За да продолжи водството на Европска унија, веднаш покренав иницијатива со цел да ги поддржиме и забрзаме нашите истражувачки напори во Европа за 6Г“. Кој е приоритетот на г. Тери Бретон, поранешен шеф на France Télécom, едвај назначен за европски комесар за внатрешен пазар? Ниту социјална Европа, ниту пак фискално усогласување; овие ветувања вознемируваат веќе триесет години, а очигледно сè уште се очекуваат. Која е итноста за народот, за нивната иднина? 6Г. 5Г сè уште не е пристигнато, 40% од француската територија нема 4Г, Биси Бисијел – поштенски број 80 135, во областа Сома – и стотици други општини сè уште имаат само 0Г, но паметните глави на Брисел, одлучно гледајќи кон иднината, подготвуваат 6Г. И зошто? За да се „забрза“, за да „се оди напред“. Кон истата слика се наврати и Националното собрание кога г-ѓа Агнес Паниер-Рунахер, министерка одговорна за индустријата на 30 јуни изјави: „Има трка, а Франција ризикува да заостане. Како Шведска, Финска, Германија, САД, Кина, Кореја, Нов Зеланд, ние ќе дадеме понуда на аукција за 5Г, затоа што оваа суштинска технологија е од големо значење за конкурентноста на земјата. Ние го правиме ова за земјата, го правиме за нашата индустрија, ова го правиме за Французите. Да внимаваме да не заостанеме како останатите во натпреварувањето...“.
Целосна статија: 1.384 зборови
За да ја прочитате целосно статијата, претплатете се за издание Јануари 2021 или најавете се со Вашето корисничко име и лозинка.