Le Monde Diplomatique – Македонско издание

Стратегија за наградување во време на криза: Денес мене, утре тебе!

За време на финансиска криза во организацијата што често доведува и до прибегнување кон непопуларни мерки за редуцирање на бројот на вработени, се создава чувство на несигурност и демотивираност кај лицата кои продолжиле да работат, но и чувство на дополнителна оптовареност заради потребата да се завршуваат и работните обврски на лицата кои ја напуштиле организацијата

Од Д-р Орде Ѓорѓиоски
Доктор на правни науки од областа на деловното право
Доктор на економски науки од областа на менаџментот


Фото: Krakenimages / Unsplash

Состојбите со неликвидност и инсолвентност не се непознати во современото работење. Ова е особено карактеристично во периодот на пандемија, во која помалку неочекувано влеговме и со која сè уште живееме.

Многу работодавачи се соочуваат со кризни периоди во работењето, во кои компликациите со финансиските текови имплицираат проблеми и со исплатата на плата и други стимулации. За работодавачите, одлуките за наградување влијаат на трошоците за водење бизнис, а со тоа и да продаваат производи по конкурентна цена на пазарот. Како дополнение на тоа, одлуките за наградување влијаат врз способноста на работодавачот да се натпреварува за работници на пазарот на трудот (да ги привлече и задржи), а влијаат и на ставовите и однесувањата на работниците во рамките на работниот однос. 

Од таа причина, доброто финансиско планирање може да биде од помош за да се минимизира ризикот од нова криза во работењето.

Целосна статија: 1.507 зборови

За да ја прочитате целосно статијата, претплатете се за изданието Февруари 2021 или најавете се со Вашето корисничко име и лозинка.

Поврзани текстови

Кошничка

Cart is empty

Вкупно
ден0.00
0
LeMonde Diplomatique - македон

FREE
VIEW