Le Monde Diplomatique – Македонско издание

Федерацијата со „модерна“ слика повторно заробена од нејзините злоупотреби во Јемен

Обединети Арапски Емирати, кога стаклата се кршат

Со моќни соседи како Саудиска Арабија, Ирак и Иран, седумтте емирати и нивниот владетел, шеикот Зајед Ал-Нахијан, веднаш се соочуваат со прашањето за нивната безбедност. Мали и имајќи мала армија, ОАЕ многу брзо побара поддршка од Западот, почнувајќи од Соединетите Американски Држави, кои би играле улога и на заштитник и на снабдувач на оружје

Од Ева Тиебо
Новинар


Фото: Emma Van Sant / Unsplash

Февруари 2019 година. Млазни авиони се пробиваат низ чистото небо на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), мала федерална држава лоцирана помеѓу Персискиот Залив и Арапското Море. Удобно сместен, опкружен со странски водачи, престолонаследникот на Абу Даби, силен човек на федерацијата и влијателна личност на арапскиот свет, г. Мухамед бен Зајид ел Нахјан (познат како „МБЗ“), лично присуствува на отворањето на International Defence Exhibition (IDEX). Овој саем за вооружување, ценет од сите светски имиња во овој сектор, започнува со воена претстава во природна големина, во која дефилираат теренските емиратски возила „Nimr“, американски оклопи и француски тенкови. Холивудска продукција која одговара на воените и геополитичките амбиции на „малата Спарта“, како што американскиот генерал Џејмс Матис ги нарече ОАЕ во 2011 година, кога беше на чело на Централната команда на САД.

Целосна статија: 2.279 зборови

За да ја прочитате целосно статијата, претплатете се за изданието Март 2021 или најавете се со Вашето корисничко име и лозинка.

Поврзани текстови

Кошничка

Cart is empty

Вкупно
ден0.00
0
LeMonde Diplomatique - македон

FREE
VIEW