четврток, 28 Мар 2024 / 20:17:31
Le Monde Diplomatique – Македонско издание

Маркс и „Источното прашање“

Антирускиот став бил централен елемент во позицијата на Маркс пред и за време на револуцијата во 1848 година. Овој став бил на линијата на повеќето радикали од средината на 19. век во Европа. Оние кои се обидоа да го нарушат статус квото, сакаа војна против Русија. Пишувајќи во име на Маркс, Енгелс го развил овој аргумент за американските читатели во април 1853 година, бидејќи тензиите околу источното прашање брзо ескалирале: од 1789 година, „навистина постојат само две сили на европскиот континент: Русија со својот апсолутизам, револуцијата со демократијата. (…) Ако Русија ја освои Турција, нејзината сила ќе се зголеми за половина и таа ќе биде посилна од цела Европа обединета во коалиција. Таквиот настан би претставувал ужасна несреќа за револуционерната кауза. Одржувањето на турската независност или – во случај на постојано распаѓање на Отоманската империја – неуспехот на руските анексионистички проекти, се прашања од најголема важност. По ова прашање, интересите на револуционерната демократија и Англија се тесно испреплетени.“


Од Џонатан Спербер*
Историчар. Автор на: Karl Marx, man of the 19th century, Piranha, Париз, 2017, од каде е изваден овој текст.


Фото: son-tung-tran/pexels

Една од темите кои доминираа во новинарската активност на Карл Маркс во годините 1853-1858 беше Кримската војна, нејзините реперкусии врз надворешната политика на големите сили и врз внатрешната политика на Британија. Неговите написи за воената тактика и стратегија за време на опсадата на Севастопол беа особено значајни. Фасцинацијата од оваа...

За да ја прочитате содржината целосно потребно е да направите претплата за изданието за Ноември 2022.
Доколку веќе сте претплатени за актуелното издание, потребно е да се најавите со вашето корисничко име и лозинка.

Поврзани текстови

Кошничка

Cart is empty

Вкупно
ден0.00
0
LeMonde Diplomatique - македон

FREE
VIEW