Le Monde Diplomatique – Македонско издание

Државите парализирани од фармацевтската индустрија

Кога ќе имаме вакцина против патентите?

Бидејќи фармацевтските компании се тензични околу своите патенти, механизмите Ц-ТАП и Ковакс не функционираат: 13% од светската популација, која живее во богатите земји, авансно нарачала дури 51% од дозите, според Оксфам. И во самата Европска унија, првите испораки открија флагрантни нееднаквости: Италија доби 9.750 дози, Франција 19.500 дози и Германија дури 151.125.

Од Фредерик Пјеру, Фредерик Стамбах и Жилиен Вернодон
социолог, Национален центар за научни истражувања (ЦНРС), координатор (со Андре Грималди) на книгата Здравје: итен случај, издавач Одил Жакоб, Париз, 2020 г.; рурален лекар по општа пракса во Амбазак; болнички лекар во Универзитетската болница во Лион.


Фото: Daniel Schludi / Unsplash

Се сеќаваме на поплавата на добри намери формулирани за време на локдаунот во пролетта 2020 г. Во дарежливото реформирано општество што требаше да се следи, вакцините би требало да бидат „глобални јавни добра“. Во ноември минатата година, повторно, Емануел Макрон сериозно се запраша: „Дали ќе бидеме подготвени, кога ќе се најде на пазарот првата вакцина [против Ковид-19], да гарантираме пристап до неа на планетарно ниво и по секоја цена да го избегнеме сценариото за „свет со две брзини“, каде што само најбогатите може да се заштитат од вирусот и да продолжат со нормален живот?“ Но, ветувањата останаа само пусти желби.

Целосна статија: 2.088 зборови

За да ја прочитате целосно статијата, претплатете се за изданието Март 2021 или најавете се со Вашето корисничко име и лозинка.

Поврзани текстови

Кошничка

Cart is empty

Вкупно
ден0.00
0
LeMonde Diplomatique - македон

FREE
VIEW