Зад својата модерна фасада, Јужна Кореја останува многу патријархално општество, во кое жените трпат повеќекратна и подмолна дискриминација. Исцрпно, новата генерација на феминистки повикуваат на револт – и напредуваат во тоа.
На 11 април 2019 година, судиите на уставниот суд на Јужна Кореја донесоа историска пресуда: со седум гласа „за“ и два „против“, тие оценија дека криминализацијата на абортусот, која важеше со децении, е незаконска. Јужнокорејците веќе не треба да се кријат; голема победа за феминистичките здруженија. „Резултат на долгогодишна борба“, рече активистка, со нејзиниот глас преполн од емоции, на објавувањето на пресудата.
Во последните години се направени и други значајни достигнувања. Движењето #metoo, кое пристигна доцна во земјата, имаше значително влијание. На почетокот на 2018 година, обвинителката Seo Ji-hyun, јавно го обвини нејзиниот претпоставен за сексуално вознемирување и раскажува како нејзината кариера била уништена откако се осмелила да протестира. Други го следат нејзиниот пример, за возврат кршејќи го законот на тишина. Политички лидери, режисери, уметници, академици: се појавуваат неколку случаи од висок профил, сигнализирајќи им на сите дека сексуалниот напад, еднаш уништен, повеќе нема да се појави.
Во пресрет на овие откритија, многу жени кои сè уште се двоумеа да се приклучат на движењето, се придружуваат и зборуваат гласно. Летото 2018 година, во Сеул се одржуваат најголемите феминистички протести во историјата на земјата. На извиците „Мојот живот не е твој порно филм“, десетици илјади жени го осудуваат непостапувањето на властите во однос на ширењето на шпионски камери, наречени „molka“, кои се поставени на јавни места (тоалети, сауни) за да ги снимаат жените, без нивно знаење. Овие видеа, заедно со украдени секс ленти, се дистрибуираат и продаваат на Интернет, уништувајќи ги животите на жртвите. Полицијата и правдата се обвинети за покажување виновна незаинтересираност и попустливост. Овие гневни протести во август 2019 година, потоа во мај 2020 година доведоа до зајакнување на законот за казнување на сексуални злосторства на интернет.
„Протестите во 2018 година се првите феминистички собири на кои се осмелив да присуствувам“, рече Seo Ji-eun, 22, новинарка. Бидејќи, во Јужна Кореја, самиот збор е табу: да се нарекувате себеси „феминист“ е да го навлечете гневот на своето семејство, машките колеги, корисниците на интернет … „Во тоа време се криев, се плашев дека ќе ме идентификуваат како активист и дека ќе им бидам на мета. Но, работите се менуваат“. Сведок на успехот на „Kim Ji-young, née en 1982“ роман на Cho Nam-joo, е продаден во над милион примероци. Нејзината хероина, млада невеста, е уништена од очекувањата на ултра-патријархалното општество, како и од секојдневните и подмолни понижувања наметнати кон жените.
Малку по малку, се рушат некои табуа. „Кога ја создадовме нашата организација во 1991 година, не можевме да ги кажеме ниту зборовите „сексуално насилство“, се сеќава г-ѓа Парк А-реум, претставник на Центарот за помош против сексуалното насилство. Сега жртвите наоѓаат храброст да зборуваат. Ова е една голема промена.“ Убиството во мај 2016 година во близина на метро-станицата Гангнам во Сеул на 23 годишна минувачка од страна на 34 годишен странец кој призна дека сака да убие случајна жена, предизвика бран активизам. Писателката која е воедно и феминистка Lee Min-kyung објаснува: „Таа жртва можев да бев јас. По ова злосторство, феминистичкото движење експлодираше.“
Четири години подоцна, во април 2020 година, првата феминистичка партија во Јужна Кореја се залагаше за парламентарни избори. Не освои ниту едно место, но самото негово постоење претставува мала револуција. Националното собрание сега има 19% од пратеничките. Рекорден број…за Јужна Кореја. Соседната тајванска демократија има 41,6 %.
Под неговите модерни и ултраповрзани појави, општеството останува навистина исполнето со неоконфучијанската идеологија, која служеше како столб на династијата Joseon (1392-1910) и која промовира жестоко патријархални и конзервативни вредности: жената во текот на целиот живот, мора да биде потчинета на својот татко, на нејзиниот сопруг, а потоа и на нејзиниот најстар син. Секако, Јужна Кореја е со енергична демократија, која, во 2017 година, успеа да ја тргне од должност својата претседателка Парк Гун-Хе – првата жена избрана на оваа функција – по неколкумесечни масивни и мирни протести. Но, таа останува изненадувачки уназадена во однос на прашањето за родова еднаквост. И Јужнокорејците продолжуваат да удираат во особено низок стаклен таван.
Социјалните и семејните притисоци за откажување од првото дете остануваат огромни. Традиционалната фигура останува онаа на „hyobu“, модел на снаа која готви, управува со куќата и им се посветува на своите деца, сопругот и свекорот и свекрвата – судбина што тешко дека некогаш за ова сонуваат младите жени од Јужна Кореја модерни, високо образовани и отворени кон светот.
Самохраните мајки го носат товарот на ефектите од оваа тврдоглава патријархија. Родените деца надвор од брак се ретки (1,9% од вкупниот број во 2018 година, наспроти 59,1% во Франција) и се насилно осудени. Девојките кои се без партнер, но бремени, се под огромен притисок да абортираат или да ги напуштат своите бебиња при раѓање. „Дури и моите родители ме советуваа да го напуштам мојот син“, вели г-ѓа Kim Do-kyung, претседател на Корејското здружение на семејства на немажени мајки (Korean Unwed Mothers Families Association, Kumfa). На нас се гледа како да сме бесрамнички. Многумина ги губат своите работни места: да се израсне бебе во вакви околности не ветува сигурна иднина. На училиште, родителите бараат од своите деца да не си играат со моите. Ми шепотат зад грб. Не сум поканета на родителски состаноци. На изводот на роденденот на мојот син стои „родено надвор од брак“. Тој беше обележан уште од првиот ден.“
Како млада мајка на 14 годишна ќерка и член на здружението, г-ѓа Jeong Su-jin сподели: „Кога мојот шеф дозна дека сум бремена и сама, ме отпушти. Тој ми рече: „Не сакам некој како тебе тука“. Дури и колегите ме покажуваа со прстите. „Кумфа“ обезбедува финансиска и психолошка помош на овие мајки, но не добива никакви субвенции. Многу сами девојки де факто се исклучени од одредени општински наталистички програми. Честопати отфрлени од сопствените семејства, тие веќе долго време се мета на бескрупулозните меѓународни агенции за посвојување кои ги пречекуваат пред породувањето и ги злоупотребуваат нивните страдања за да ги натераат да ги напуштат своите бебиња. Оваа длабоко вкоренета патријархија објаснува зошто Јужна Кореја, дури и богата и индустријализирана, продолжува да им нуди подобри услови на илјадници деца од странство.
Тоа исто така силно влијае на светот на работата. Јужнокорејците можеби се најобразовани жени од која било земја на Организацијата за економска соработка и развој (OCDE), но тие имаат најнесигурни и најниско платени работни места. „Дискриминацијата започнува со интервјуто за работа“, вели г-ѓа Bae Jin-kyung, директор на Здружението на работнички на Кореја (Korea Women Workers Association). Вообичаено е работодавачите да ја прашаат кандидатката дали има момче, планови за брак или деца. Откако ќе биде на функција, ќе и бидат дадени помалку одговорности.“ Таа, исто така, ќе биде исклучена од „huesik“, оние пијани вечери на компаниите (а, понекогаш и завршувајќи во бордели) кои се користат како преговарање за договори како и за зајакнување на врските во тимот или за олеснување на унапредувањето. За многу работодавци, најлесниот начин е да се избегне вработувањето на жени, кои најверојатно ќе ја напуштат компанијата со своето прво дете. Во 2018 година, три од најголемите банки во Јужна Кореја, Хана банка, Шинхан банка и Кукмин банка, беа осудени за фалсификување на конкурси за вработување: тие ги намалија резултатите на кандидатите за да вработат повеќе мажи.
Вработените во одредени високо феминизирани професии, како што се медицинските сестри, честопати се под притисок на претпоставените да остануваат наизменично бремени. „Во другите сектори, ние само ги отпуштаме оние што се. Закони за родова еднаквост на работното место постојат, но тие се игнорираат “, рече г-ѓа Bae Jin-kyung. Според неа, азиската финансиска криза од 1997 година, предизвикувајќи голема несигурност на пазарот на трудот – под покровителство на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој дојде за „спас“ -, премолчено го направи непридржувањето прифатливо за законот за работна сила. Што се однесува до просечната плата на жените, таа е само 68,5% од онаа на мажите – најголем јаз меѓу таканаречените „развиени“ економии. Само 52% од жените на работо способна возраст имаат работа, во споредба со 72,3% од мажите, а кризата Ковид-19 ги погоди повеќе вработените. 15.000 високи извршни директори на најдобрите 500 компании во земјата имаат само 3,6% жени во своите редови.
Сепак, Јужнокорејките се пообразовани од нивните машки колеги: додека пред две генерации, само нивните браќа беа праќани на универзитет, денес 75,7% од жените на возраст од 25 до 34 години имаат универзитетска диплома, наспроти 64,1% од мажите. Принудени да избираат помеѓу кариера и деца, отфрлајќи ги архаичните очекувања на општеството кое е премногу бавно да се менува, многумина претпочитаат да ја задржат својата независност и да се откажат од бракот. Само 22% од жените сметаат дека бракот е неопходен; пред 47 години беа дури 47%. Како што Јужнокорејците се женат се помалку и се подоцна, раѓањата се намалуваат. Во 2019 година, стапката на плодност падна на 0,92 деца по жена: рекорд.
Програмите за обновување на наталитетот, воспоставени од 2005 година и од десничарските и од левоцентристичките влади, чинеа богатство – вкупно 123 милијарди евра – и се покажаа спектакуларно неефикасни. Дали се на погрешна цел? „Не случајно регионот со најголема стапка на наталитет е Сејонг“, рече г-ѓа Bae Jin-kyung. Во новата административна престолнина каде повеќето жители се службеници се наоѓа јужно од Сеул. Тука , родовата еднаквост и безбедноста на работа се поголеми.
Од своја страна, Lee Min-kyung жали што владата „опстојува на разгледување на падот на наталитетот исклучиво од економска гледна точка, кога тоа се должи на војна помеѓу половите“. Неодамнешните победи на жените навистина доведоа до радикализација на мизогинистичкиот говор, особено кај помладите генерации. „Многу мажи ги мразат феминистките. Тие нè навредуваат“, вели г-ѓа Seo Ji-eun. Децата од 20-30 години се дури и повеќе вирулентни од 30-40 години; 76% од овие млади луѓе отворено го покажуваат своето спротивставување на феминизмот.
Во септември 2019 година, филмската адаптација на „Kim Ji-young, née en 1982“ испушти порој на омраза и навреди на интернет, откривајќи ја новата поделба низ општеството. Мажите кои тврдат дека се жртви на дискриминации, се регрупираат во здруженија на мажите и го обелоденуваат својот долг задолжителен воен рок за да ги оправдаат своите традиционални привилегии. Контроверзноста има политички последици: претседателот на левиот центар Moon Jae-in, со ставови кои се сметаат за блиски до феминистките, забележа дека паѓа неговата стапка на поддршка кај помладите гласачи.
Конфликтот се влоши со зголемувањето на невработеноста кај младите и стагнација во економијата. Голем дел од младите мажи не можат да си дозволат да се прилагодат на многу крутите социјални норми: за да стапат во брак, тие мора да заработат доволно за да купат дом и да плаќаат за образованието на своите идни деца. Тие се чувствуваат ограбени. Фрустрирани од новиот натпревар на жените во светот за работата, многумина одбиваат да видат дека женските очекувања се сменија. „Помладата генерација момчиња не се разликуваат! Тие пораснаа гледајќи ги своите татковци“, се шегува студент во Сеул. За Јужнокорејците борбата може повторно да биде долга.
Преведено од: Павлина Димовска
Фусноти:
- Cho Nam-joo, Kim Ji-young, née en 1982, NiL Éditions, Paris, 2020 (1re éd. : 2016).
- Прочитајте Sung Il-kwon, « “Révolution des bougies” à Séoul », Le Mondе diplomatique, јануари 2017 година.
- « Population trend investigations », Kosistat (en coréen), mai 2020, et, pour la France, « Naissances hors mariage », Institut national d’études démographiques, Париз, март, 2020 година.
- Ministère de l’emploi et du travail, Séoul, 2019, www.wage.go.kr
- Ock Hyun-ju, « At workplaces and home, female workers hit harder by Covid-19 outbreak », The Korea Herald, Séoul, 18 мај 2020 година.
- « Diplômés de l’enseignement supérieur », Organisation de coopération et de développement économiques (OCDE), www.oecd-ilibrary.org
- « Till death do I stay single : South Korea’s #NoMarriage women », AFP, 6 декември 2019 година.
- « S. Korea’s total fertility rate hits new low in 2019 », Yonhap News Agency, Сеул, 26 февруари 2020 година.
- Jake Kwon, « South Korea’s young men are fighting against feminism », CNN, 24 септември 2019 година.