Ако, во ноември 2020 година, на добар дел од светот погледите беа насочени кон претседателската трка меѓу Џозеф Бајден и Доналд Трамп, Американците и самите знаеја дека различните избори (за конгреси, окрузи, референдуми, итн.), што се одржуваат во исто време во секоја од педесетте сојузни држави да се одреди бојата на локалната власт, исто така имаат еднакво големо политичко значење. Кога националните институции се поделени - т.е. Претставничкиот дом, Сенатот и претседателската функција не се контролирани од иста партија - како што беше случај веќе неколку години, федералната законодавна машина станува блокирана: тешко е, ако не и невозможно, да се донесат закони за прашања за кои демократите и републиканците имаат спротивставени мислења. Сојузните држави потоа стапуваат на сцена да го пополнат вакумот што го остави Вашингтон - барем за прашањата што не се однесуваат на одбраната или надворешната политика.
Целосна статија: 1.426 зборови
За да ја прочитате целосно статијата, претплатете се за изданието Февруари 2021 или најавете се со Вашето корисничко име и лозинка.